Се отвора дистрибутивниот центар "Apple Land" во Ресен

Како што соопштуваат од Владата, агендата на премиерот Никола Груевски го вклучува  отворањето на откупно дистрибутивниот центар „Apple Land“ во Ресен.

Повеќе...

Тракторите ќе се регистрираат на шест години, станиците ќе ги мерат издувните гасови

Со предлог-измените на законот за возила, ќе се зголеми ефикасноста на институциите, ќе се намалат трошоците на земјоделците за плаќање регистрација на тракторите, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се придонесе кон почиста животна средина.

Повеќе...

Јавните давачки ги оставија земјоделците без субвенции

1.200 земјоделци минатата година останале без субвенции поради неплатена радиодифузна такса, водарина или пашарина. Поради неплатени јавни давчки, биле одбиени и барањата за добивање субвениции на извесен број земјоделци. Поради тоа, Асоцијацијата на земјоделци побарала од Министерството за земјоделство да побара законски измени, со кои, од средствата за субвенции ќе им се одземаат долговите за јавни давачки. Претседателот Ефтим Шаклев вели дека заедно со УЈП, министерствата за финасии и за земјоделство и платежните агенции подготвиле предлог-имени на Законот за развој на земјоделството и рурален развој.

Повеќе...

СООПШТЕНИЕ БР. 5

Врз основа на податоците добиени од агрометереолошките станици, се оценува дека во реоните на Јанковец, Езерени и Горно Дупени се создадоа услови за 100% силна инфекција од аскоспорите на чадливата краставост, во реонот на Покрвеник 90%, Крани 50%, Грнчари 30 %. Додека во реонот на Лавци има околу 20% услови за силна инфекција од аскоспорите на чадливата краставост.

Повеќе...

Апел на преспанските овоштари

АПЕЛ до надлежните за што побрза исплата на субвенциите за одржување на јаболковите насади ! Најавите дека ќе се исплатат кон крајот на Јануари , па потоа крајот на Февруари не се исполнија. Многу јаболкопроизводители не можат да обезбедат средства за следната сезона, а со тоа нема да може да се постигне нормално одржување на насадите, се вели во реакцијата која пристигна на нашиот фејсбук профил до нашата редакција од преспани.

Повеќе...

Овоштарите од Преспа пак извисија со обештетувањето од Владата

И по осум месеци од невремето во Преспа, кога силен град уништи половина од овошните насади, преспанските овоштари немаат земено ниту денар од државата како обештетување за уништениот род. Згора на сè, една третина од годинешниот род , или 20.000 тони јаболка, остана да скапува по магацините поради пребирливоста на странските пазари.

Повеќе...

Русите ќе забранат увоз на македонски јаболка? - Вратени 19 тони од руската граница

Претставници на македонската амбасада во Русија имале состанок во Агенцијата за увоз во Москва во врска со сомневањата на руското тело за надзор на безбедноста на храната дека европски производи преку Македонија се извезувале во Русија и со тоа се кршело ембаргото за увоз на храна од европските земји што го воведе Москва.

Повеќе...

ПРЕБАРАЈ