Информација од ЈЗУ Здравствен дом Ресен

Ве известуваме дека од 01.11.2017 год. во рамките
на ЈЗУ Здравствен дом Ресен функционира:

Интерна комисија за следење на децата со
специфичен развој

Идејата е да им се пружи поддршка на семејствата
кои се соочуваат со ваков проблем.
Комисијата ја сочинуваат:

-Д-р Јаким Стојчевски – лекар од превентивна медицина
-Д-р Сања Андоновска – лекар специјалист физијатар
-Анита Стојановска – висока медицинска сестра
акушерка од поливалентна патронажна служба

Покрај овие интерни членови комисијата ќе
соработува со психолог, дефектолог,
социјален работник и останати профили
зависно од потребата.
Званичниот термин за работа на комисијата
е секој четврток од 13.00 – 14.00 часот
во просториите на главната медицинска сестра
во ЈЗУ Здравствен дом Ресен, а
по потреба заинтересираните да се обратат
кај секој член од комисијата,
секој работен ден од 07.00 – 15.00 часот.
Идејата е да се помогне на Вашите и
наши пациенти и сограѓани, полесно
да доаѓаат до бараните информации и услуги,
полесно да воспостават контакт со
одредени служби, да им се пружи
помош и поддршка во совладување на
одредени ситуации.

Однапред благодарам за Вашата помош и
поддршка во функционирањето на оваа комисија.

 Превземено од фб страницата JZU Zdravstven Dom Resen