Изложба на Јован Миронски во Музеј на град Скопје

На 10 октомври во 20 часот во Музејот на град Скопје ќе се отвори изложбата на избрани дела на Јован Миронски.

„Ликовно творештво на Јован Миронски ретко било забележано на некои групни изложби и оваа ретроспективна поставка е прва можност реално да се согледаат и да се забележат достигнатите вредности. Можно е да се дојде до заклучокот дека Миронски, како и генерацијата ликовни уметници кои паралелно почнуваат да работат со него, веќе во образовниот процес биле насочувани кон модернистичките ликовни модели кои тие подоцна ги разработиле, некои од нив и ги радикализирале, и во низата години што следувале темелно го промениле ликовниот профил на средината. За сето ова да биде возможно морало да биде присутен еден основен елемент – нивната отвореност и подготвеност за прифаќање на модернизмот и модерноста на општеството. Тие таквата отвореност ја имале во себе“, се вели во најавата за изложбата на Миронски.

(Макфакс)

Source: Култура