Каталонците нема да ги послушаат наредбите од Мадрид

Каталонските власти нема да ги послушаат наредбите од шпанската влада, туку волјата на каталонскиот народ, соопшти портпаролот за надворешни работи, Раул Ромева за Радио БиБиСи.

Тој нагласи дека сите институции, вклучително и полицијата, треба да ги следат инструкциите од демократски избраната каталонска влада. Според високи претставници на регионот, не може да ѝ се верува на демократијата на ЕУ, доколку му дозволат на Мадрид да наметне директна контрола над Каталонија.

Во меѓувреме, шпанскиот заменик претседател на владата, Сораја Саенз де Сантамариа, изјави дека Мадрид од саботата немал никаков контакт со каталонската регионална влада. Како што најави Сантамариа, шпанската влада може да одбере единствен претставник кој времено ќе ја води владата на Каталонија. Во тој случај, каталонскиот лидер, Карлес Пучдемон, ќе ја загуби функцијата и повеќе нема да добива плата, ако Сенатот одобри директна интервенција, додава Сантамариа.

 

Source: Свет