Македонија се разбуди во солзи – Во страшна сообраќајка почина младо момче, има и повредени

На 29.10.2017 година во 04,00 часот на автопатот Градско-Велес, на околу 500 метри после наплатната станица Градско, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Л.И.(26), изгубило контрола на движење, преминало на левата страна на коловозот и се превртело.

Во возилото како сопатници биле лицата Е.Е.(24) од Гостивар, кој починал на место на настанот, додека А.О.(20) од Гостивар и едно непознато женско лице, се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Велес.