Многу скоро ни доаѓа снег

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Пообилни врнежи ќе има утре во западните и јужните делови, особено попладне каде се очекува локално да наврнат над 25л/м2.

Во недела и понеделник врнежите ќе бидат полокализирани и ќе дува умерен јужен ветер.

Пообилни врнежи повторно се очекуваат во вторник и среда, а од среда и опаѓање на температурата што ќе предизвика на планините и на некои повисоки места врнежите да поминуваат во снег.