Му кршеле ребра, прсти, заби – семејство од Хрватска ѕверски мачело роб

Триесет и шестгодишен маж една ипол година бил во заробеништво од ромско семејство во хрватското село Драганич, јавија хрватските медиуми. Mалтретираниот човек покажувал многу слаби знаци на живот, кога во канал го пронашло друго ромско семејство, кое веднаш повикало брза помош и полиција. Премрзнат од студ, претепан и изгладнет, човекот е задржан во општата болница во Карловац. Сега, според информациите, тој е во подобра ситуација.

И покрај тоа што на фотографиите тој изгледа како да боледува од некоја тешка болест, тоа не е така, тој бил роб, кого, татко и тројца синови тирански го измачувале. Тие му ги кршеле забите, со чекан го удирале по прстите, му кршеле коски и ребра и го изгладнувале.

Според информациите, тој бил роб кој го одржувал имотот на Ромите, за парче леб и неколку цигари. Во селото никој нема храброст јавно да зборува за ужасниот случај. Полицијата повеќепати била на имотот на овие Роми, за кои се тврди дека го малтретирале целиот крај. Им ги труеле кучињата и им се заканувале на сите со убиство.

Несреќниот маж, како што пренесуваат хрватските медиуми, е билошки брат на Маја Сестриќ, најпозната е по нејзиното учество во шоуто „Големиот брат“.

„Страшно. Неможам да верувам дека тоа е возможно и вистинито. Секако дека ќе го посетам кога малку ќе си дојде на себе“ рекла Сестриќ.

(Макфакс)

 

Source: Свет