На Шведска и фалат 78.000 работници

Во Шведска недостасува работна сила, а тоа би можело да го блокира економскиот раст на земјата.

Според истражувањата на Конфедерацијата на шведски претприемачи, 75 отсто од фирмите имаат проблем да најдат висококвалитетни кандидати.

– Недостигот на работници во моментов е многу висок и стана многу акутен во многу области, изјави Торбјорн Халдин, економист од здружението.

Најмногу работници фалат во градежништвото, образованието, ИТ секторот и здравството.

Само во август, 78.000 работни места останале непополнети.

Владата проценува дека економскиот раст во оваа година изнесува три проценти, веќе трета година по ред, а идната година ќе забави на 2,5.

Source: Економија