Невреме проследено со град зафати делови од Скопје

Делови од Скопје беа погодени од силно невреме проследено со грмотевици, силен дожд и град.
Во главниот град се очекуваат повремени врнежни со променлив интензитет, кои ќе бидат проследени со грмежи.Температурите денеска во земјава се очекува да достигнат максимални 18 степени, а во Скопје до 17.

Врнежите ќе продолжат и во вторник, но со намален интензитет, а на повисоките планини во северозападните делови ќе поминуваат во снег.

Во вторник и среда ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително намалување на дневната температура.

Од средa ќе има постепено намалување на облачноста, а од четврток и пораст на дневната температура.

 

Source: Македонија