Објавено е што ќе се случи со собата 32135 во „Мандалај беј“

Од собата 32135 во хотелот „Мандалај беј“ во Лас Вегас неодамна беше извршен најсмртоносниот напад со огнено оружје во историјата на САД.

Собата на 32. кат, во која едно ноќевање чинеше 644 долари, беше местото од кое Стивен Педок пукаше во публиката на фестивал за кантри музика и уби 59 луѓе, а рани повеќе од 500.

Што ќе се случи сега со таа соба?

Компанијата „МГМ Ресортс“ во чија сопственост се наоѓа хотелот соопшти дека повеќе нема да ја изнајмува таа соба.

„Ова е ужасна трагедија која ја предизвика еден злобен човек. Во иднина нема да ја изнајмуваме таа соба“, соопштиле од компанијата.

(Макфакс)

 

Source: Свет