Облачно со повремен дожд

Под влијание на влажен и студен воздушен бран од денес ќе преовладува облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, особено во источните и југоисточните делови од земјава каде локално ќе бидат проследени и со грмежи.

Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. Минималната температура ќе се движи од 7 до 12, а максималната од 13 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе бидат и поројни, проследени и со грмежи. Температурата од 8 до 17 степени.

Врнежите ќе продолжат и во вторник, но со намален интензитет, а на повисоките планини во северозападните делови ќе поминуваат во снег. Во вторник и в среда ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително намалување на дневната температура. Од средa ќе има постепено намалување на облачноста, а од четврток и пораст на дневната температура.