Патниците во шок: Во рок од 9 минути авионот паднал за повеќе од 7.000 метри

Патниците на летот Indonesia AirAsia Flight QZ535 доживеале вистински шок кога нивниот авион само 25 минути по полетувањето почнал да паѓа, пишува NBC News.

Авионот кој патувал од австралискиот град Перт за Бали во девет минути паднал за 7.315 метри.

Патниците рекле дека персоналот испаничил кога маските за кислород паднале од плафонот. „Врескаа, им солзеа очите и беа во шок. Мислам, ги разбирам, но ние од нив баравме поддршка и помош, меѓутоа не ја добивме. Ние уште повеќе се загриживме кога видовме како тие реагираат“, рекла патничка во авионот.

Гледајќи дека постои можност и воопшто да не стигнат до Бали, адвокатот од Лондон Крис Џеанс одлучил да ја запроси девојката Кесиј Кинчел. Така Џеанс, додека авионот паѓал, прво ставил маска за кислород, а потоа го извадил прстенот и ја прашал Кинчел дали ќе се омажи за него.

„За среќа, рече дека сака да се омажи за мене“, рекол Џеанес.

Авионот, за среќа, слетал безбедно.

Source: Свет