Порибување на Преспанското Езеро

Денес во рамки на програмата на МЗШВ за порибување на Преспанското Езеро во приуство на претставници на подрачните единици на МЗШВ и Инспекторатот за земјоделие беше извршено порибување на Преспанското Езеро

Порибувањето е согласно член 104 од Законот за рибарство и аквакултура, а согласно Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2017 година, и склучениот Договор за порибување на риболовното подрачје Преспанско Езеро со подмладок од крап број и 14-698/2 од 23.03.2017 година, репроцентарот „Акватика” ДООЕЈ1 – Неготино изврши порибување на риболовното подрачје Преспанско Езеро со по 2.250 (две илјади и двеста и педесет) килограми подмладок од преспански крап, односно со најмалку 32.500 (триесет и две илјади и петстотини) единки со тежина меѓу 20-120 грама (просечна тежина од 70 грама).
Со порибувањето на Преспанското Езеро со афтохтон вид на крап се очекува зголемување на рибниот фонд и балансирање на целокупниот екосистем на Преспанското Езер – Споменик на Природата и зачувување на истиот статус на заштитено подрачје.