Повик за учеството на средношколската едукативна програма „Амбасадори на мирот“

„People to People International Skopje-Macedonia“ објави повик за учесници на четвртата генерација од едукативната програма за средношколци „Амбасадори на мирот“. Целта на програмата е да ги поврзе средношколците од Скопје, да ги охрабри да го вложат своето време во развој како индивидуи и да дојдат до заеднички идеи за општествено унапредување. Тема во фокус за овогодишната генерација е „Младинските придонеси во социјалнo предизвикани подрачја“.

Програмата ќе им понуди на средношколците едукација на неколку различни теми преку следниве работилници:
1. Работилница за тимска работа и лидерство (11.11.2017)
2. Работилница за подобрување на интеркултурната комуникација (18.11.2017)
3. Работилница за медиумска писменост (25.11.2017)

Сите учесници што успешно ќе ја комплетираат програмата ќе се стекнат со сертификат од People to People International, а исто така ќе им бидат понудени и можности за понатамошно лично унапредување и придонес во заедницата. Крајниот рок за аплицирање е 25 октомври.