Познат идентитетот на загинатиот кај Ѓавато

Во страшната сообраќајна несреќа која што се случи попладнево во околу 14 часот и 50 минути во близина на местото викано Ѓавато, на магистралниот пат Битола – Ресен, загинал 36 годишниот моторџија Б.А.

Според информациите сообраќајката се случила меѓу два мотора, во близина на црквата.

– „Од Итната медицинска помош ни е пријавено дека на местото на несреќата подигнале двајца повредени моторџии. За жал, едното лице им подлегнало на повредите на патот за битолската Клиничка болница. Другото е однесено на лекување во болница“, соопшти Лефтерија Миленкоска, портпарол на СВР Битола.