:
Вооружена драма во Скопје – Ја отвориле железната решетка и влегле во познатиот супермаркет додека се пребројувале парите од дневниот про
Вооружена драма во Скопје – Ја отвориле железната решетка и влегле во познатиот супермаркет додека се пребројувале парите од дневниот промет! – Sky.mk – Дознај се' – Македонска новинска агенција

МАКЕДОНИЈА

Вооружена драма во Скопје – Ја отвориле железната решетка и влегле во познатиот супермаркет додека се пребројувале парите од дневниот промет! – Sky.mk – Дознај се' – Македонска новинска агенција...

СВЕТ

Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе го посети островот Свети Мартин, погоден од ураганот Ирма, соопшти синоќа Министерството за внатрешни работи на Франција.   „Макрон ќе тргне кон Свети...

LIFE - Забава, култура, спорт...

Српската актерка Ирена Мичијевиќ (45), која се прослави со серијата „Жените од Дедиње“, почина денеска во Белград. Таа се борела со тешка болест, но семејството не открива повеќе детали.   ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење

 

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините

Поставување канделабри на делница Хиподром – Кадино, при што левата сообраќајна лента ќе биде затворена во времетраење од 3 (три) месеци

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.

Од 01.07.2017 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Временските интервали се следни:

петок : 17:00 – 22:00 часот,

сабота : 09:00 – 18:00 часот и

недела : 09:00 – 22:00 часот

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Од 01.07.2017 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.

Временските интервали се следни:

петок : 15:00 – 22:00 часот,

сабота : 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и

недела : 07:00 – 22:00 часот.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација./извор:Макфакс

ПРЕБАРАЈ