:
ЖИВКО ГОШАРЕВСКИ ЈА КРЕНА ПРЕСПА НА НОЗЕ – ОВАА ЕСЕН СЕ ВРАЌА ЖИВОТОТ ВО РЕСЕН!

Некогаш богата Преспа денес е на колена, а Ресен со ископани улици и исушени палми. Училиштата се со блокирани сметки и без огрев. Ресен е општина со села без вода за пиење. Ние ќе го запреме иселувањето од Преспа. Ќе го развиваме Ресен и ќе му дадеме нов вредносен систем, рече меѓудругото кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Ресен, Живко Гошаревски.

МАКЕДОНИЈА

ААВМУ: Повеќето телевизии и радија известуваат професионално – Sky.mk – Дознај се' – Македонска новинска агенцијаHomeМакедонијаААВМУ: Повеќето телевизии и радија известуваат професионално

СВЕТ

Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе го посети островот Свети Мартин, погоден од ураганот Ирма, соопшти синоќа Министерството за внатрешни работи на Франција.   „Макрон ќе тргне кон Свети...

LIFE - Забава, култура, спорт...

Српската актерка Ирена Мичијевиќ (45), која се прослави со серијата „Жените од Дедиње“, почина денеска во Белград. Таа се борела со тешка болест, но семејството не открива повеќе детали.   ...


 

Станува јасно, додаде тој, дека на 15-октомври заедно ќе ги заокружиме промените што носат живот во Македонија за сите.

– Од Ресен борбата за живот ја продолжуваме низ секое село, низ секој град, во оваа наша убава Македонија. Нашата Македонија се менува на подобро, тоа го гледаат сите, тоа светот го признава, сите тоа го почувствуваа и нема враќање назад. Се менува Македонија благодарение на вашата силна верба дека ова парче убава земја може да биде достоинствено место за живот, истакна Гошаревски.

Новата Влада предводена од СДСМ, како што посочи, е одговорна и домаќинска власт која е свртена кон потребите на граѓаните, достапна, отворена и отчетна.

– Покажавме дека водиме нова политика, политика од збор, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на вечерашниот митинг во Ресен на промотивниот митинг на кандидатот за градоначалник и идни советници на оваа општина.

Караванот на СДСМ денеска, покрај во Ресен, беше и во Демир Хисар, а централен митинг партијата оддржа во Битола.

ПРЕБАРАЈ