Што објави Коце Трајановски на фејсбук?

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, објави видео на „Фејсбук“ во кое се сумирани најголемите проекти што тој ги остварил во своите два мандата.

Преку видеото, Трајановски, како што вели, третпат ја бара довербата од скопјани.

„Со ваша поддршка и преку секојдневната комуникација со вас реализиравме многу проекти во овие 2 мандата. Како кандидат за градоначалник на главниот град од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и трет пат ја барам довербата од вас граѓаните, која, имајќи ја во изминатите години, беше чест и привилегија, а во исто време и уште поголема одговорност“, пишува Трајановски на „Фејсбук“.

 

Source: Локално