Супер вест за пушачите – цигари ќе се пушат секаде!

Владата на Зоран Заев најавува можност повторно да се пуши во угостителските објекти каде што не се служи храна.

Ова попладнево го објоави лидерот на СДСМ и македонски премиер Зоран Заев

„Комплетна либерализација и право наа избор пред се на угостителските објекти каде не се служи храна да имаат право да изберат, ако сакаат да биде дозволиво за пушење тие да имаат право со лиценца тоа да биде нивен избор, ако имаат право да бидат за непушачи тоа да биде нивен избор. Апсолутно тоа не се однеува таму каде што се служи храна. Работат стручни луѓе, сакаме меѓународна пракса“, вели Зоран Заев – претседател на Влада.

Според информациите угостителите кои сакаат во нивните угостителски објекти да се пуши ќе треба да поседуваат лиценца, меѓутоа во тие простории нема да смее да се служи храна.

Колку ќе чини лиценцата и кога би се донел новиот закон засега е непознато, но со оглед дека зимскиот период е најтежок за пушачите можно е ова законско решение да помине во Собрание уште во ноември.

Сепак Заев најави сеопфатна дебата за предлог законот, кој ќе биде кристално ново решение, усогласено со европските практики.