ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ РЕСЕН – БИТОЛА КАЈ ЃАВАТО – Еден загинат!

Околу 13,50ч. во СВР-Битола, било пријавено дека на регионален пат А3 Битола-Ресен, кај Ѓавато, бил пронајден повреден моторциклист, соопшти МВР.

На пат кон болница, во возило на итната медицинска помош, лицето починало.

Увид ќе се врши, велат од МВР за Скај.мк.

Според информациите несреќата се случила така што моторциклистот излетал од патот и се здобил со повреди опасни по живот, по што починал.

Повеќе информации се очекуваат наскоро.

(ФОТО АРХИВА)