Турција отворила повеќе работни места отколку 24 земји од ЕУ заедно

Отварајќи 2.384.000 работни места во периодот од 2012 до 2016 година, Турција стана земја со најинтензивно вработување во Европа.

Според податоците на Агенциите за статистика и ЕУРОСТАТ, Турција од 2012 година, кога бројот на вработени изнесувал 24.821.000 луѓе континуирано го зголемувала бројот на вработени.

Така за пет години, набљудувајќи го периодот од 2012 до 2016 година, вработени се дополнителни 2.384.000 лица.

Во истиот период интензитетот на вработувања во Турција бил поголем во однос на членките на Европска унија, а доколку се изземат Германија, Велика Британија, Полска и Шпанија, оваа земја отворила повеќе работни места од 24 членки на ЕУ заедно.

На второ место е Велика Британија со 2.031.000 отворени работни места.

Од друга страна, интензитетот на вработувања бил во пад во Романија, Грција, Финска и Јужен Кипар.

Source: Економија