УХМР излезе со метео-предупредување за тоа што ја чека Македонија во следните часа!

Денес ќе дува умерен, во западните делови засилен западен ветер, особено изразен попладне на планините, каде повремено ќе надминува брзина од 90 км/час.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има продор на студена воздушна маса од север со засилен северен ветер, а во северните и западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег, но не се очекува врнежите да бидат обилни.

Утре преку денот облачноста ќе се намали, но во источните делови и долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Од вторник времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата. Кон крајот на неделата ќе има благо затоплување.