УХМР – Преспанското езеро во рамките на просекот

Водостојот на Вардар кај Јегуновце денеска е за речиси 15 пати понизок од вообичаениот за ноември, во Скопје нивото на реката е скоро двојно пониско, а кај Велес и Демир Капија е во рамките на нормалното за овој месец, покажуваат последните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според УХМР, нивото, пак, на Охридското Езеро е на девет сантиметри од дозволениот минимум и изнесува 693,19, нивото на Дојранското Езеро е за четири пати повисоко од просекот за ноември, а на Преспанското е речиси во рамките на просекот.