УЈП продава запленети автомобили, станови, машини за печатење

Управата за јавни приходи објави повик за учество на 17-тата аукција за продажба на движни и недвижни предмети што се запленети од даночните обврзници со ненамирени долгови. На аукцијата се понудени градежни земјишта, деловни објекти, станови, автомобили, разни машини и слично.

На овој оглас може да најдете „форд мондео“ за 123.000 денари, „опел астра“ за 137.600 денари, „пежо боксер“ за 237.539 денари, „мерцедес-бенц“ за 151.161 денар, „форд транзит“ за 84.000 денари, „фиат пунто“ за 70.000 денари, „форд транзит“ за 92.250 денари… На аукцијата се понудени и градежни земјишта, деловни објекти, станови, разни машини.

 

Source: Економија