УЛИЦИТЕ СТАНАА РЕКИ: Силно невреме со грмежи, дожд и снег го погоди регионот – еве што се случува вечерва на Јадранското приморје

Силно невреме проследено со дожд и грмежи, но и снег на планинските места денеска го погоди североисточниот дел на Јадранот, а на удар беше хрватскиот град Ријека.

Според хрватските медиуми во Ријека наврнале 200 милилитри дожд.

Невремето предизвика проблеми во сообраќајот, а реки вода ги преплавија улиците.

Невремето стигнало и до Трст, додека пак на повисоките планински места дождот преминал во снег.

На некои повисоки реони во Истра во вечерните часови дождот преминал во снег.

Инаку според УХМР под влијание на влажен и студен воздушен бран од утре ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, (над 30 л/м2) особено во источните и југоисточните делови од земјава каде локално ќе бидат проследени и со грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. Врнежите ќе продолжат и во вторник, но со намален интензитет, а на повисоките планини во северозападните делови ќе поминуваат во снег. Во вторник и в среда ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително намалување на дневната температура. Од средa ќе има постепено намалување на облачноста, а од четврток и пораст на дневната температура.

 

Source: Свет