Утре снег ќе ги прекрие планините, а еве од кога да очекувате пораст на температурите

Утре ќе се задржи претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови.

На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките ќе се формира снежна покривка, особено во северозападните делови.

Утре и во среда ќе дува засилен северен ветер. Од средa во текот на денот ќе има постепено намалување на облачноста и дневната температура ќе биде во пораст.

Source: Македонија