Важна вест од УЈП

Управата за јавни приходи го продолжи рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата до 27 октомври.

„Во согласност со Законот за даночната постапка, поради отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот „Е-даноци“ на 24 и 25 октомври 2017 година, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата, 25 октомври, се продолжува за два работни дена, односно краен рок за поднесување ќе се смета 27 октомври“, соопшти УЈП.