Во среда стартува со работа новиот Совет на Општина Ресен

Во Среда во 11 часот во општинската зграда се очекува оддржување на првата конститутивна седница на Советот на Општина Ресен.

Според резултатите од последните избори СДСМ освои 7 советнички места, исто толку и ВМРО ДПМНЕ, а 1 советник освои ДУИ.

Според сознанија на PrespaSky.com СДСМ и ДУИ ќе имаат мнозинство и коалиционо ќе делуваат во Советот при што се очекува избор на новиот претседател кој ќе дојде од редовите на СДСМ, а се очекува тоа да биде првиот човек на општинскиот огранок на партијата.