Времето подготвува вистинско изненадување – еве каков пресврт следува во следните денови

Под влијание на влажен и студен воздушен бран од утре ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, (над 30 л/м2) особено во источните и југоисточните делови од земјава каде локално ќе бидат проследени и со грмежи.

Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. Врнежите ќе продолжат и во вторник, но со намален интензитет, а на повисоките планини во северозападните делови ќе поминуваат во снег. Во вторник и в среда ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително намалување на дневната температура. Од средa ќе има постепено намалување на облачноста, а од четврток и пораст на дневната температура.
УХМР Македонија