Застрелана е млада прилепчанка

Од полицијата информираат дека вчера во 15.10 часот, на излез од село Кривогаштани, Прилепско, кон Крушеани, В.П. (28) од Прилеп, додека извршувала земјоделски работи на нива, добила повреда во вратот од огнено ловечко оружје.

Таа во контактибилна состојба со возило на итната медицинска помош била пренесена во Медицинскиот центар – Прилеп, а увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Прилеп.

Истиот ден во 17.30 часот во Полициската станица Прилеп, под сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност, биле приведени Х.М. (52) и Г.П. (64) од Република Франција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Source: Македонија