„ЗДРУЖЕНИ СИЛИ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕСИ“ – Првиот граѓански форум во големата сала на Општина Ресен

На 14 Ноември 2017 година, со почеток во 12:30 часот во големата сала на општина Ресен, ќе се реализира првиот граѓански форум во локалната заедница која има за цел идентификување на проблеми во заедницата, на овој форум се поканети да земат учество сите саинтересирани граѓани кои живеат на територијата на општина Ресен.

Оваа активност се реализира во рамките на проектот „ЗДРУЖЕНИ СИЛИ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕСИ“

Овој проект е финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014

Партнери на проектот: ЦОСВ подружница Прилеп, ЦГИ – Прилеп и АНТИКО – Скопје

Времетраење на проектот: 32 месеци, од Јануари 2016г до Август 2018г

Вкупен буџет: 329.584,79 Евра

Локација на имплементација на проектот: Мултиетнички општини.

 

Целна група: Локални граѓански организации, Формални и неформални групи во заедницата со посебен акцент на жените, општински совети, комисии за меѓуетнички односи, локални политички партии /млади членови / жени, месни заедници.     
Крајни корисници:
Мултиетнички заедници од селектираните општини.

 

Општа цел: Зајакнување на влијанието на граѓанското општество во унапредувањето на односите во заедницата преку партиципативна демократија.

Специфична цел:

а) поддршка на процесот на градење на доверба во заедницата преку согледување на заедничките интереси на заедницатаб) да се стимулираат акции на локалните заедници за учество во процесите на донесување на одлуки на локално нивов) да се зајакнат капацитетите на локалните граѓански организации во анализа и застапување засновано на докази преку вмрежување на засегнатите страни.

 

Планираните активности се имплементирани во рамките на следниве компоненти:

 

  1. Градење на капацитети
  2. Воспоставување на механизми за консултации за идентификација на заедничките интереси во заедницата
  3. Процес на градење на доверба во заедницата
  4. Видливост и промоција

 

 

 

Повеќе за проектот и неговите активности можете да видите со посета на www.jointforces.eu

Лице за контакт:

Гоце Богоевски

е-пошта: goce.bogoevski@cosv-macedonia.org

тел. 076 436 726