13 нови случаи на ковид во Ресен, 8 лица оздравеа

Според статистиките на Министерството за здравство 13 нови случаи на ковид се регистрирани во Ресен, додека оздравеле вкупно 8 лица.

Од почетокот на пандемијата во Ресен се заразиле вкупно 1.400 лица, а активни се 123 случаи.