36 пратеници од ВМРО-ДПМНE не гласаа за Законот за македонскиот јазик

Дури 36 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на пленарната седница во Собранието не дадоа поддршка за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик. Голем дел од нив или отсуствувале од седницата или пак воопшто не гласале. Меѓу нив се: Игор Здравковски, Љупчо Димовски, Александар Велјановски, Иванка Василевска, Грација Бакрачевска, Мирче Аџиоски, Силвана Ангеловска, Игор Јанушев, Тони јаревски, Зоранчо Јованчев, Драган Ковачки, Зоран Коцевски, Благица Ласовска, Миле Лефков, Олга Лозаноска, Рашела Мизрахи, Стојан Миланов, Антонијо Милошоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски, Александар Николоски, Ели Панова, Златко Пенков, Ангелинка Петкова, Марија Петрушевска, Бране Петрушевски, Жаклина Пешевска, Јадранка Поцкова, Љупчо Пренџов, Петар Ристески, Ѓорѓија Сајкоски, Гордана Сиљановска-Давкова, Иван Стоиљковиќ, Синиша Стојановски, Бојан Стојаноски и Велика Стојкова-Серафимовска. За Законот за македонскиот јазик не гласале ниту пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, како и пратеникот од Демократски сојуз Павле Трајанов.

Претходно министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека првото читање за предлог-законот за употребата на македонскиот јазик во комисиската расправа поминало во пријатна атмосфера и се надминале пречките што постоеле во таа комисија.

-Сите политички партии го поздравија носењето на ваков закон. Го должиме како генерација и како политичари на оваа држава. Ги нотиравме природните промени на јазикот и тие треба да се пресликаат онака каква што е реалната состојба, рече министерката во телевизиско гостување.

Со новиот Закон за употреба на македонскиот јазик властите влегоа во процес на дополнителна заштита, унапредување и збогатување на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Како што наведуваат предлагачите, односно Министерството за култура, ова е сеопфатно законско решение преку кое ќе биде отсликана реалната состојба со променливата природа на јазикот, а секоја институција ќе биде задолжена да го применува стандардниот јазик. Законското решение во моментов е во собраниска процедура и неочекувано за досегашната практика, начелно добива поддршка од сите политички партии.

Еден од новитетите во законското решение е создавање Инспекторат за употреба на јазикот, но и дополнително изучување и афирмација на јазикот во странство. Во новиот текст се предвидуваат и задолженија за Министерството за образование и наука. Па така, секој мај во тековната година МОН ќе распишува конкурс за стипендирање ученици од четврта година средно образование за да ги стимулира учениците за запишување на универзитетите за изучување на македонскиот јазик.

МОН во текот на една година ќе може да додели најмалку десет, а најмногу дваесет стипендии. Воедно, Министерството за образование и наука во текот на академската година ќе распишува и конкурс за стипендирање студенти за изучување на македонскиот јазик во сите три циклуси на високото образование. Согласно планираното, во текот на една година ќе може да се доделат најмалку пет, а најмногу десет стипендии за додипломски студии, потоа најмалку три, а најмногу седум стипендии за магистерски студии за изучување на македонскиот јазик. Предвидени се и најмалку две, а најмногу пет стипендии за докторски студии..

Законот се заснова на следниве цели: – Подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо; – Афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба на македонскиот јазик во јавната и во службената комуникација; – Почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во оваа насока.

По усвојувањето на Законот се очекува значително да се зајакне и неговото изучување и промоција во странство, во странски образовни институции во сите степени во образованието. Во оваа насока се даваат и предлози за отворање лекторати за македонски јазик во странство, како и поддршка на работата на постојните лекторати во странство. Образовните власти ќе се впуштат и во создавање научен подмладок за научно истражување на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, како и доделување државни награди и признанија од областа на проучувањето и афирмацијата на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во Републиката и во странство. Меѓу најголемите новини од законското решение е и поддршка за учење на македонскиот стандарден јазик за странски студенти кои македонскиот јазик го изучуваат како странски јазик, во и надвор од Републиката, но и изучување на јазикот во културно-информативните центри на земјава во странство. Се предвидува и издавање публикации и учебници на македонски стандарден јазик во земјава и во странство.

Иако се очекува македонскиот стандарден јазик да се изучува во културно-информативните центри на земјава во странство, во Грција веќе е отворен и Центар за македонски јазик, чија дејност беше потврдена и од грчките судови. Центарот за македонски јазик во Лерин е законски регистрирана невладина организација, Ова е прва официјална потврда за постоењето на македонскиот јазик во Грција, откако лани барањето за регистрација на Центарот за македонски јазик како невладина организација беше одобрено од грчкиот суд, со што Центарот стана првата организација која директно се грижи за македонскиот јазик и што е регистрирана и призната од грчките државни органи.

Во Статутот на оваа невладина организација пишува дека нивни цели се изучување на македонскиот литературен јазик од страна на граѓаните на Грција, преку интернет-страница, поддршка на заложбите за идно воведување на македонскиот литературен јазик како изборен предмет во јавните училишта (основни и средни) и универзитетите во Грција, кои се наоѓаат во регионите Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија, поддршка на заложбите за идно формирање на педагошки училишта/одделенија во рамките на постоечките универзитети во Грција за обука на наставници по македонски јазик, како и за изработка на наставни програми и наставни материјали.

Дополнително, темата за македонскиот јазик беше покрената и за време на усвојувањето на преговарачката рамка од преговорите за членство во Унијата, минатата година. Во предлог-преговарачката рамка именувањето на јазикот на кој ќе се преведува заедничкото европско право е со чиста одредница „македонски“, без дообјаснувања или фусноти. Веднаш по усвојувањето на преговарачката рамка беше усвоен Законот за ратификација на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) во Република Северна Македонија. Ова беше прв договор меѓу Скопје и Брисел кој е потпишан на македонски јазик. Со потпишувањето на овој документ и неговата ратификација, како што беше наведено во владиното соопштение, статусот на службената употреба на македонскиот стандарден јазик се издигнува на врвно рамниште, „што нѐ прави сите нас, граѓаните на Република Северна Македонија, исклучително горди на нашата култура, јазик и идентитет, кои се признати и препознаени и во меѓународни рамки“.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Николоски фатен во нова лага – тврдеше дека Груевски „збор нема кажано“ за „францускиот предлог“

Во гостување на 360 на 25.09.2023 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека во објавите на Никола Груевски немало збор за францускиот предлог до обзнанувањето на тоа што се случува зад сцената од актуелниот претседател на партијата Христијан Мицкоски: „Некој нека направи анализа, затоа што тој извади дури и книга... Прочитај повеќе...

Груевски за ВМРО-ДПМНЕ: Треба да смислат квалитетна програма, а не ако СДСМ вика А ние да викаме Б

Со внатрепартиски препукувања не може да се привлечат независни гласачи, тие се привлекуваат со квалитетна понуда на проекти, порача екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во вечерашното вклучување во живо. „Треба многу конкретна понуда, многу квалитетна понуда, не како досега ако СДСМ вика А ние да викаме Б.... Прочитај повеќе...

Груевски: Ако им одговорам на Мицкоски и Николовски ќе се чудат што ги снашло

„Се трудам да се воздржам да не кажам некои работи што ќе им направат голема штета. Јас иммам многу информации но сум незадоволен од многу работи“ – рече Никола Груевски во вонредното вклучување во емисија во живо на порталот Инфомакс. „Јас со многу нивните политики не се согласував и сега... Прочитај повеќе...

Невреме во Македонија

Променливо облачно и посвежо, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени. Времето... Прочитај повеќе...

Шаховското дерби на Алкалоид и САД со многу заплети до нерешен резултат

Светското екипно првенство за шахисти над 50 годишна возраст во Струга веќе во третото коло го донесе дерби мечот на највисоко рангираната екипа, репрезентацијата на САД, со шахистите на Алкалоид кои се четврти носители на турнирот. Мечот заврши нерешено, 2:2, но самите партии ни оддалеку не беа мирољубиви. Шахистите на... Прочитај повеќе...

Николоски фатен во нова лага – тврдеше дека Груевски „збор нема кажано“ за „францускиот предлог“

Во гостување на ТВ21 на 25.09.2023 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека во објавите на Никола Груевски немало збор за францускиот предлог до обзнанувањето на тоа што се случува зад сцената од актуелниот претседател на партијата Христијан Мицкоски: „Некој нека направи анализа, затоа што тој извади дури и книга од фејсбук-статуси, дали од објавувањето […] Прочитај повеќе...

Груевски за ВМРО-ДПМНЕ: Треба да смислат квалитетна програма, а не ако СДСМ вика А ние да викаме Б

Со внатрепартиски препукувања не може да се привлечат независни гласачи, тие се привлекуваат со квалитетна понуда на проекти, порача екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во вечерашното вклучување во живо. „Треба многу конкретна понуда, многу квалитетна понуда, не како досега ако СДСМ вика А ние да викаме Б. Треба обмислени проекти, со пресметка. […] Прочитај повеќе...

Шаховското дерби на Алкалоид и САД со многу заплети до нерешен резултат

Светското екипно првенство за шахисти над 50 годишна возраст во Струга веќе во третото коло го донесе дерби мечот на највисоко рангираната екипа, репрезентацијата на САД, со шахистите на Алкалоид кои се четврти носители на турнирот. Мечот заврши нерешено, 2:2, но самите партии ни оддалеку не беа мирољубиви. Шахистите на Алкалоид влегоа во мечот со […] Прочитај повеќе...

БОНУС ОД МИЛИОН И ПОЛ ДЕНАРИ ВО СПОРТ ЛАЈФ

  Нов милионски тикет во „Sport Life” – Струмица, со помош на големиот Фибоначи бонус на добивката од 610% . Ова шесткратно зголемување на добивката, редовниот играч на „Sport Life“ го остварил со уплатени 50 денари, а освоил неверојатни 1.795.145 денари. Дури 1,5 милион денари се од бонусот на добивката, која инаку би изнесувала 300.000 […] Прочитај повеќе...

Спасовски за Фронтлајн и Цивил Медиа: СДСМ е стожер на проевропскиот фронт, за мене е важно тој проевропски фронт да ја добие довербата на граѓаните

Во интервјуто за Фронтлајн и Цивил медиа, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски запрашан за приклучувањето на СДСМ на проевропскиот фронт, рече: „Еднаш и засекогаш мора да се одвојат прогресивните сили во државата визави сите оние кои што ја влечат државата назад, оние ретроградни сили, оние сили коишто не ѝ помагаат на државата да напредува. […] Прочитај повеќе...

Мексико ја престигна Кина

Кина повеќе не е најважниот надворешно трговски партнер на Америка, туку Мексико е, според американските статистичари. Трговската размена меѓу двете земји достигна 263 милијарди долари во првите четири месеци од оваа година, што претставува 15,4 отсто од надворешната трговија на САД. Кога Кина се приклучи на Светската трговска организација во... The post Мексико ја престигна Кина appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР... The post Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска се во пораст и суровата нафта „брент“ првпат од почетокот на годинава достигна цена од 93 долари за барел. Меѓународната агенција за енергија (МААЕ) објави дека доброволното продолжување на дневните ограничувања за производство на нафта од страна на Саудиска Арабија и Русија ќе... The post Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Го преплавија српскиот пазар: Русите основаа околу 7.000 компании

Руските граѓани имаат основано 6.976 компании во Србија од почетокот на војната во Украина. И покрај оваа бројка, под знак прашалник е дали сите овие компании ќе придонесат за растот на српската економија или се само начин руските граѓани да добијат дозвола за постојан престој во Србија со која дополнително... The post Го преплавија српскиот пазар: Русите основаа околу 7.000 компании appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Борба против инфлацијата: Европската централна банка по 10-ти пат ја зголеми каматната стапка

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ја зголеми каматната стапка 10-ти пат по ред во борбата против постојаната и висока инфлација која ги мачи потрошувачите, иако расте стравот дека повисоките трошоци за задолжување можат да придонесат економијата да влезе во рецесија . Зголемувањето на стапката за четврт процентен поен доаѓа додека... The post Борба против инфлацијата: Европската централна банка по 10-ти пат ја зголеми каматната стапка appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy