Повторно поскапуваат горивата – Еве за колку

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за  1,5 %  во однос на Одлуката од 14.06.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,772 ден/кг и сега ќе изнесува 36,009 ден/кг.

Од 22.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                           69,50   (денари/литар)

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС -98                            71,50   (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      62,00   (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)             62,00   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      36,009  (денари/килограм)

 

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,681%, дизелот за 1,934%, екстра лесното масло за 1,962%  и  кај мазутот зголемувањето е за 2,07%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,724 %.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.6.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ  се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

 

Еуродизел (ЕУР)ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија1,0051,126
Австрија1,2031,253
Бугарија1,1021,102
Хрватска1,3581,401
Германија1,3611,556
Грција1,3421,618
Италија1,4651,605
Унгарија1,2321,221
Словенија1,2471,197