Ако пронајдете мастика на бравата, тоа е предупредување кое не смеете да го игнорирате – еве што треба да преземете!

Крадците секогаш се во потрага по нови трикови и идеи во обид да влезат во вашиот дом и да украдат вредни предмети.

Ким Керниглиаро од Тексас сега предупредува на уште една од тие нови „техники“. Еден ден, затекнала нешто необично на својот праг. Како што напишала на интернет, инцидентот се случил пред две недели: „Среде ден, додека бев сама дома, слушнав тропање на влезната врата. Не отворив!“

Откако тропањето престанало, жената почекала неколку минути, а потоа излегла надвор. Затекнала нешто необично – мастика била растегната преку бравата!

Кога случајот го пријавила во локалната полициска управа, добила вознемирувачко предупредување. Овој метод се користи од многу провалници. Тие ставаат мастики на врата, тропаат и веднаш бегаат. Кога после некое време ќе се вратат и ќе видат дека мастиката се уште стои на бравата, тоа е знак дека никој не одговорил на тропањето и дека во домот нема никој.