Ако вложевте само 6.000 денари во Биткоин, денес ќе имавте милиони евра!

Ако вложевте само 6.000 денари во Биткоин, денес ќе имавте милиони евра!

Продолжува незапирливиот раст на биткоинот. Највредната криптовалута од ден во ден ги надминува сопствените рекорди во вредност, а вчера 1 биткоин вредеше неверојатни 20.000 долари.

Новиот раст се случува и покрај падовите кои ги имаше во меѓувреме, од кои брзо се опорави. Така, оној кој вложил 100 евра на најпознатата криптовалута пред неколку години денес има неверојатни 2 милиони евра.

Само оваа година вредноста на биткоинот се дуплираше четири пати. На почетокот на јануари вредел околу 1.000 долари, во мај 2.000, во јуни 4.000, а во ноември дури 10.000.

Биткоинот е само една од 1.324 криптовалути, меѓутоа, е најпопуларна и важи за најбезбедна. Биткоинот не го издава и официјално не го поддржува ниту една национална влада.

Во суштина, криптовалутите се засновани на „блокчејн“ технологија. Тие се збир на програмски протоколи за генерирање дигитални токени и селдење на трансакции, но така да се избегне употреба на еден токен повеќе од еднаш. Биткоинот има вредност до онаа мера до која неговите корисници ќе се сложат.

Почетната цена на Биткоинот во 2010 година била помала од еден цент.