Aнализа: Ако сегашната владејачка коалиција стане предизборна, ВМРО-ДПМНЕ има само 4 отсто шанса за победа

Ако се одржат сега избори во Македонија и ако владејачката коалиција на СДСМ настапи со една листа, а ВМРО-ДПМНЕ со актуелната коалиција, речиси нема сценарио во кое опозициската партија ќе победи на изборите за парламентот, сугерира анализата на Преспа институтот направена преку алатката за истражување и аналитика ЕлектоМетар.

Според истата анализа, која се заснова на бројни податоци од институциите, од релевантните агенции за мерење на јавното расположение и според трендовите и однесувањата на гласачите од 2013 година па наваму, во Македонија се гласа пред се за партија, со мало отстапување на претседателските избори и најмногу при изборот на градоначалниците каде што игра улога и личноста.

Така, анализата покажува дека трите водечки партии во Македонија, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ можат да сметаат на сигурни победи во 1.200 избирачки места од 3.480, односно на околу 300.000 сигурни гласачи, при што соодносот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е – еден на еден ипол.

Анализата покажува исто така дека постои врска меѓу успехот на партиите и излезноста, односно дека таа не влијае на резултатите на ВМРО-ДПМНЕ кои освојуваат околу 300.000 гласови на изборите, но влијае на СДСМ, така што, колку е помал одзивот на гласачите, толку помалку гласови добива оваа партија. Тоа исто така не важи за ДУИ.

Според анализата, ако сегашната владејачка коалиција стане предизборна, ВМРО-ДПМНЕ има само 4 отсто шанса за победа.

Она што е интересно е дека анкетата покажала дека на излезноста не влијаат временските прилики или терминот, и дека досега влијаела само ковид епидемијата, и тоа не значително.

Во анализата има и споредба на анкетите со резултатите, при што заклучокот е дека најчесто кај ВМРО-ДПМНЕ тоа што се прогнозирало не соодветствувало со реалните гласови. Притоа, во анализата се вклучени анкети на пет најрелевантни агенции за испитување на јавното мислење кои користат научни методологии – ИРИ, НДИ, МЦМС итн. При користењето на оваа алатка испробани биле 14.000 сценарија и според наодите тешко е да се најдат такви што во оваа констелација гарантираат победа на ВМРО-ДПМНЕ, иако анкетите покажуваат значајно водство на оваа партија.

Анализата исто така покажува дека на изборите Левица тешко ќе освои повеќе од две пратенички места бидејќи гласачите ѝ се распрскани низ државата и не се концентрирани. За споредба да беа локалните избори парламентарни Левица ќе добиеше пет пратенички места со освоените гласови. Сепак, од Преспа институтот посочија дека во САД во 2016 година при ваквите мерења Хилари Клинтон како кандидат на демократите имала 93 отсто шанси за победа (реално таа освои повеќе гласови, но не електорски), а ги изгуби изборите.

Оваа анализа не содржи податоци какви би биле резултатите ако ВМРО-ДПМНЕ направи предизборна коалиција со три албански опозициски партии и евентуално со ЗНАМ или Левица. Оценката е дека албанските опозициски партии ќе инсистираат на уставните измени за да настапат заеднички на избори, а само 15 отсто од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, според другата анкета на Преспа институтот од декември, прифаќаат Бугарите да се внесат во Уставот.

Така што, и да им донесе таквата предизборна коалиција гласови, може да им однесе други од тие што не сакаат уставни измени и би биле разочарани, при што проценките се дека ВМРО-ДПМНЕ може во таков случај да изгуби околу 30 отсто од потенцијалните гласови.

Анализата генерално покажува дека не постои сценарио во кое некоја коалиција би освоила 80 пратеници, т.е. двотретинско мнозинство во парламентот. (Н.В.)

Извор: Nezavisen.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Од растот на платите се офајдија и Мицкоски и Славески – 88 илјади денари професорска плата

За во просек 22 отсто пораснаа платите на професорите во УКИМ, мерка од која „се офајдија“ и најголемите критичари на економските политики на владата, Христијан Мицкоски и Трајко Славески. Мицкоски и Славески се политичарите кои редовно ги критикуваат политиките на владата за раст на платите, а своевремено професорот Славески ја Прочитај повеќе...

Кривична пријава против полициски службеник за „загрозување на сигурноста“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против И.И. од Македонска Каменица, полициски службеник во Полициското одделение Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик, односно дека упатил закани кон лице Прочитај повеќе...

ИНСПЕКТОРИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО МАРКЕТИТЕ: Нема да го чекаме утрешниот ден, порача директорот на ДПИ Трајковски

Обраќање на директорот на ДПИ горан Трајковски: Државниот пазарен инспекторат нема да го чека утрешниот ден, односно целосното завршување на одлуките, туку како и до сега, во континуитет, така и денес излегуваме на терен и ќе извршуваме надзори во сите големи маркети во Република Северна Македонија, по сите закони по Прочитај повеќе...

(Видео) Втор најголем шумски пожар во историјата на Тексас, се шири брзо, едно лице загина

Во Шумски пожар во Тексас, кој брзо се шири, загина едно лице, жителите се евакуирани, а домовите и деловните објекти останаа без струја, јавува Би-би-си. Во вториот најголем шумски пожар во историјата на Тексас изгореа 850.000 хектари северно од градот Амарило. Гувернерот на Тексас Грег Абот прогласи катастрофа во 60 Прочитај повеќе...

Штрајкот на јавниот превоз почна низ цела Германија, се очекуваат големи проблеми

Во многу германски сојузни покраини утринава започна дводневен штрајк на јавниот превоз. Патниците може да очекуваат значителен прекин бидејќи автобусите, трамваите и метрото престанаа да сообраќаат на многу места. Синдикатот Верди свика дводневен штрајк кој ќе трае до петок. Берлин, Хамбург, Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт, Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц беа Прочитај повеќе...

Скокнаа платите на Мицкоски и Славески – 88 илјади денари професорска плата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески од овој месец добиваат повисоки професорски плати во УКИМ во просек за 22 отсто, со што нивните плати достигнуваат и до 88 илјади денари. Мицкоски и Славески се политичарите кои редовно ги критикуваат политиките на владата за раст на платите, а […] Прочитај повеќе...

ИНСПЕКТОРИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО МАРКЕТИТЕ: Нема да го чекаме утрешниот ден, порача директорот на ДПИ Трајковски

Обраќање на директорот на ДПИ горан Трајковски: Државниот пазарен инспекторат нема да го чека утрешниот ден, односно целосното завршување на одлуките, туку како и до сега, во континуитет, така и денес излегуваме на терен и ќе извршуваме надзори во сите големи маркети во Република Северна Македонија, по сите закони по кои постапува пазарниот инспекторат. Во […] Прочитај повеќе...

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

На 28.02.2024 во 12.25 часот во Полициската станица Центар, В.А.(61) од Скопје пријавила дека на ул.„Македонија“ во Скопје била касната од куче скитник. На 28.02.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.Ш.(51) од Скопје пријавила дека во с.Горно Соње, скопско, била касната од куче скитник. На 28.02.2024 во 11.10 часот во Полициската станица […] Прочитај повеќе...

Полицијата не запира – фрчат казни за граѓаните

Во текот на вчерашниот ден (28.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 599 возачи. Од нив 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет […] Прочитај повеќе...

Апсења на повеќе локации во Тетово, Скопје и Битола – полицијата излезе со детали

На 28.02.2024 околу 23.25 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода lice од тетовска Шипковица. При претрес во домот во кој времено престојувал во Тетово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање […] Прочитај повеќе...

Валутата која профитираше од напливот на Биткоин! Dogecoin на највисоко ниво во последните две години

Dogecoin се зголеми за повеќе од 25 проценти во однос на американскиот долар. Го скрши нивото на отпор од 0,120 долари и може да продолжи да расте кон нивото од 0,132 долари. DOGE е најголемиот добитник на најдобрите 20 дигитални монети и токени. Подемот на Bitcoin го влече и остатокот... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Coinbase „пукна“ по историскиот скок на Биткоин: Велат дека го решиле проблемот, но корисниците се уште се жалат

Coinbase, најголемата берза за криптовалути во САД, вчера доживеа прекини и дефекти што предизвикаа некои кориснички сметки да покажат салда од 0 долари, а сето тоа се случи набргу откако вредноста на биткоинот се искачи над 60.000 долари, што е највисоко од 2021 година. Корисниците почнаа да пријавуваат прекини вчера... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Највисока просечна хрватска плата има во Загреб, а еве каде е најниска

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правните лица во четвртиот квартал од 2023 година во однос на истиот период од 2022 година е зголемена во сите жупании. Најголем пораст е забележан во Пожега-славонската и Вуковарско-сремската жупанија по 17,1 отсто, а најмал во градот Загреб за 12,3 отсто. Државниот завод... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПАД, ЗЛАТОТО СКОКНА: Европските берзански индекси во пораст

Главните европски берзански индекси денеска се во најголем дел во пораст, а во исто време е забележан пад на цената на нафтата и раст на цените на златото и на пченицата. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 17.643,75 поени, лондонски FTSE 100 на 7.643,25 поени,... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Шефовите на германските компании имаат лоши вести

Работодавците во Германија ги намалија плановите за вработување и во февруари, а можни се и отпуштања во наредните месеци. Индексот на вработеност на институтот Ифо падна во февруари за 0,6 поени во однос на јануари, на 94,9 поени, објави во вторникот институтот. „Економијата е толку летаргична што компаниите го одложуваат... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ЖЕНИТЕ ВО ПРЕДНОСТ: Научниците открија максимален број години колку луѓето можат да живеат

Ако сте загрижени за брзината со која се приближувате до следниот „голем“ роденден, тогаш имаме добри вести за вас. Се разбира, да наполните 25, 30 или 40 години изгледа страшно, но научниците тврдат дека ја откриле максималната возраст до која човек може да живее, а ве чекаат уште убави години. Заклучоците доаѓаат од студијата спроведена... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Пари ќе “паѓаат од небо”: Најдобриот руски астролог вели дека овие два знака во март ќе пливаат ВО ПАРИ

Познатиот руски астролог Павел Глоба тврди дека двата знака од Зодијакот во март ќе имаат повеќе среќа од сите други кога се во прашање финансиите и парите. Имено, тој истакнува дека материјалниот аспект од нивниот живот ќе биде многу нагласен, а во позитивна смисла, во текот на првиот пролетен месец и дека може да очекуваат... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ОГАН ВО КРЕВЕТ: Топ 10 работи кои откриваат голем љубовник

Можеби мислите дека ви е жешко во кревет, но можеби не ви оди баш најдобро. Што го прави добар љубовник? 10 карактеристики на личност која може самоуверено да каже дека е добра во кревет. Доколку се пронајдете во овие 10 работи, немате причина за грижа, пишува Крстарица. 1. Сакате да учите нови работи 2. Разигран... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Трите хороскопски знаци кои најмногу изневеруваат на ергенски и момински забави

Жените често се повозбудени од мажите за денот на нивната венчавка. Тие му придаваат важност на секој детал, дури и на чиновите што доаѓаат пред самиот ден на свадбата. При нивното организирање се одлучува дали тоа ќе биде помирна опција или на пример одење во клуб, изнајмување простор и слично, а често на овие прослави... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Четири хороскопски знаци кои ќе пливаат во пари овој март!

Еве четири хороскопски знаци со оптимистички финансиски изгледи за март 2024 година: Бик: Поединците Бик може да најдат профитабилни можности во стабилни инвестиции или потфати со недвижнини во текот на март 2024 година. Нивната практична природа и решителност може да доведат до значителни финансиски придобивки. Лав: Лавовите може силно да блеснат во нивните кариери во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...