Ангелите се меѓу нас? Жена снимила фотографија како доказ

Жена снимила фотографија на која, како што тврди, се наоѓа ангел на небото.

„Додека се возев во камион со мојот сопруг, забележав многу силна светлина, која прво ја занемарив бидејќи беше врнежливо, но светлината беше присутна и кога дождот престана.

Го прашав сопругот дали го гледа истото.

Ми рече: ’Да, гледам, но што е тоа?’ Му реков дека не знам, но продолжи да свети. Ми рече: ’Сликај со телефонот’, па тоа го направив“, изјавила Јоуланда Поп Бритен за порталот Charisma.

Јоуланда тврди дека глетката која ја видела за неа била потврда дека сè ќе биде во ред бидејќи тие денови го молела Бог да и помогне околу некои животни проблеми.

Фото: Youlanda Pope Britten