Аргентинската морнарица објави видео од потрагата по исчезнатата подморница – еве низ каков пекол поминуваат на отворено море

Аргентинска подморница со 44 членови на екипажот исчезна и веќе со денови е некаде на југот на Атланскиот океан. Спасувачите својата потрага ја фокусирале во близина на брегот на Патагонија, каде се сретнале со големо невреме и немирно море.

Застрашувачката снимка од аргентинскиот морнарички разурнувач „Саранди“, прикажува огромни бранови како удираат во големиот брод.

Вкупно 13 бродови и шест авиони ги пребаруваат водите кај Патагонија.