БАБА ВАНЃА: Осмиот владетел на Русија по име Владимир ќе биде господар на светот

Жителите на селото Петрич каде што живеела и умрела баба Ванѓа и денес веруваат дека некаде во близина на нејзината куќа е закопана статуа во природна големина од чисто злато. Многумина веруваат дека статуата го претставува римскиот император Константин.

На почетокот на 80-тите години од минатиот век, во животот на Ванѓа настапила целосно нова фаза: Таа започнала да ја гледа иднината. Блиската и далечната. Нејзините најблиски забележале дека на почетокот на 1981. година таа во еден момент кажала: “Внимавајте! Наскоро ќе дојдат нови, непознати болести за луѓето. Сите, па дури и оние кои никогаш не боледувале, ќе се разболат”. Набрзо потоа се појавиле сидата, птичјиот грип…

Ванѓа кратко потоа на своите најблиски им порачала дека е “убедена дека човештвото на почетокот на 21. век ќе најде лек за рак”. Таа велела: “Ќе дојде ден кога ракот ќе биде заробен во железни ланци”.

На почетокот на 1988. година Ванѓа порачала: “Сведоци сме на судбински случувања. Двајцата најголеми владетели на светот ќе се ракуваат. Ќе мине уште многу вода низ реките на Русија, а тоа нема да случи. Се додека не дојде “осмиот” руски лидер, кој ќе воспостави конечен мир на планетата”. Ванѓа тоа го зборувала додека со Русија владеел Борис Јелцин и очигледно мислела на “следниот”, не наведувајќи го неговото име. Само рекла: “Тоа ќе биде неочекувана личност!”. Сега знаеме дека тоа е Владимир Путин.

Ванѓа кажала и дека “се’ се топи, како и мразот, но само едно нешто останува недопрено – славата на Владимир, славата на Русија. Тој ќе стане господар на светот. А Русија повторно ќе стане империја”.

Сепак не се знае за кој Владимир мислела. Оние кои ги проучуваат нејзините пророштва, типуваат на тројца: Средновековниот кнез Владимир Долгоруков, Владимир Илич Ленин, или на Владимир Путин. Сепак пресметале, дека токму Путин, е оној осмиот…

Во 1993. година Ванѓа рекла: “СССР ќе биде обновен во првата четвртина на 21. век.” Пред самата смрт, Ванѓа порачала:

“Доаѓа време на чуда и откритија во областа на нематеријалното. Ќе бидеме сведоци на големи археолошки откритија кои целосно ќе ги променат сфаќањата за светот кој го познаваме. Сето скриено злато ќе исплива на површината, но затоа, водата ќе ја снема…”. Тоа нејзино пророштво не било разјаснето, како ни неговото продолжение:

“Нашите внуци за околу 200 години ќе воспостават контакт со браќата од другите светови”.