Банда натерала 12-годишник да бира – дали да се убие или да биде убиен: Тој го избрал ова!

Дванаесетгодишник со потекло од Никарагва е фрлен од мост во Гватемала затоа што одбил да убие странец.

Група разбојници го пресретнале Ангел Ариел Ескаланте Перез додека одел дома од училиште.

Му дале пиштол во раце и му понудиле страшен избор – да убие возач на автобус, или ќе тој ќе биде убиен.

Ангел, чиј татко Луис и самиот бил возач на автобус, тоа го одбил и рекол да го одземат неговиот живот.

Тогаш му дале уште еден избор, да го фрлат од мост, или да го исечат со мачети. Тој го избрал мостот.

Разбојниците го фрлиле од 135 метри високиот мост Инсиесто, кој е еден од најдолгите мостови во Средна Америка. Ангел паднал во дебели растенија под мостот и чудесно преживеал.

Семејството го пронашло 72 часа подоцна и го одвело во болница, но момчето умрело 15 дена подоцна од здобиените повреди.

Постоела шанса да преживее доколку бил најден порано, рекле лекарите.

„Таткото кажа дека синот исчезнал 72 часа и дека му рекле како 6 луѓе го киднапирале и го фрлиле од мост затоа што одбил да убие возач на автобус“, рекол портпаролот на гватемалските пожарникари.

„Момчето го прашале како сака да умре, да го избодат или да го фрлат од мост, а тој го избрал мостот. Падот бил од 135 метри висина. Луѓето кои скокаат од мостот, обично не преживуваат“.

Како што наведува Едгар Гуера, локален борец за човекови права, таквите злочини се сè почести.

Во Латинска Америка бандите често регрутираат мали деца со ниска стапка образование и од сиромашни семејства затоа што полесно можат да прошверцуваат дрога и оружје од возрасните, и затоа што би ги снашла поблага казна ако ги фатат.

Во Гватемала максимална казна за дете кое ќе изврши убиство е 6 години, додека за возрасни и до 25 години.