Богато семејство бара работници: Плата 150.000 долари, но има и тежок услов

Едно богато семејство од Њујорк бара вработени, а платата верувале или не е дури 150.000 долари. Веројатно се прашувате за каква работа станува збор.

Огласот е поставен на Бизнис Инсајдер преку фирма која инаку бара вработени за многу богати семејства кои имаат огромни приватни куќи, приватни авиони и слично.

Потребни се двајца работници кои ќе одржуваат куќа од 1.787 квадратни метри. Платата ќе биде помеѓу 100.000 и 150.000 долари.

Парот кој го дал огласот од вработените бара да ја одржуваат оваа голема куќа, да управуваат со неа, а би работеле 5 дена неделно. Потребно е да чистат, готват, перат и слично.

Треба да знаат да послужуваат, но и да подготвуваат здрави оброци. Многу е важно да бидат одговорни и организирани.

Не е баш лесно, се работи за навистина голема куќа. Сепак, голема е и платата. Што велите за оваа работа?