Бора Чорба доживеал нервен слом откако бил ограбен во Париз

Српскиот музичар Бора Чорба доживеал нервен слом кога непознат маж му ја украл чантата во која, покрај личните документи, била и тетратката со песни кои ги напишал!

Кражбата се случила во хотел во Париз, а фронтменот на Рибља чорба случајот веднаш го пријавил во полиција. Крадецот брзо бил уапсен, пренесе Курир.рс.

„Таа тетратка ми е најважната работа која ја имам. Полудев кога на рецепција ми рекоа дека баш мојата чанта е украдена. И натаму не можам да верувам како некој може да ја украде чантата од рецепција.

Од сè што имав во чантата ништо не беше вредно како таа тетратка. Бидејќи таквите работи таму веднаш се решаваат, полицијата брзо го пронајде крадецот.

Кога видов кој ми ја украде чантата, помислив дека бара нешто вредно. Таа тетратка нему не му треба, а мене ми значи сè“, рекол тој.