БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА пред 2016-та и сега: „Споредбата со претходната власт е неупатна заради тоа што во тоа време немаше ниту еден предмет“

Денеска се одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9-ти декември.

Премиерот Димитар Ковачевски испрати јасна порака дека Владата има политичка волја да обезбеди почитување на правото и одговорно справување со криминалот и корупцијата преку унапредување и почитување на воспоставените механизми како што се независен буџет, изработка на законски решенија усогласени со ЕУ и неселективна борба против корупцијата.

За разлика од него, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски наведе дека тоа е една од причините зошто се потребни предвремени парламентарни избори.

Колку сепк земјава се промени во изминативе години откако СДСМ ја презеде власта од ВМРО-ДПМНЕ?

За тоа дали нешто се промени во борбата против корупцијата, „Локално“ поразговара со дел од аналитичарите, пред се, од граѓанските организации за борба против корупцијата.

Според нив, она што се разликува е дека се зголеми ефикасноста во смисла на процесуирање на судски предмети во однос на претходно, меѓутоа сепак во смисла на крајни и завршни пресуди и ефективни затворски казни, не можеме да видиме голема разлика, вели политичкиот аналитичар и претседател на Институтот за демократија „Социетас Цивилис Скопје“ (ИДСЦС), Марко Трошановски.

Тој оценува дека се гледа истата пракса во одолговлекување на предмети, застарување на истите, поголем фокус на функционери од опозицијата во судските процеси итн.

-Иста карактеристика и на денешната влада за време на нејзиниот мандат како и претходната, истакнува Трошановски.

Аналитичарот смета дека Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) е еден од светлите примери во реформите кои што ги направи земјата, особено начинот на кој што истата беше создадена.

-Модел на изборот на Комисијата гарантираше дека изборот е јавен, дека повеќе страни се вклучени во изборот на нејзините членови, резултираше со Комисија која многу подалеку поактивно е посветена на борбата против корупцијата од претходно гарнитура, преку процесуирање на повеќе предмети до Обвинителството и МВР. Разликата е тоа што во овие 5 години што оваа Комисија беше систематски оставена без доволно ресурси во поглед на кадар, истражувачи, простор, технички условии итн. Со тоа не можеше да си ја заврши својата работа со својот најголем капацитет. Ден денеска само половина од човечкиот персонал е пополнет, порачува Трошановски.

Тој посочува дека комисијата работи колку што може добро, во склад со можностите.

-Важно е што со својата активност го префрли фокусот кон оние институции кои треба да ја продолжат и ефектуираат борбата против корупцијата, а пред се Обвинителството и судовите, дециден е Трошановски.

За американскиот тим на санкции што треба да истражува корупција во земјава, соговорникот вели дека рано е да се каже.

-Не знаеме во кој мандат со какви капацитети доаѓа. Предметите кои што се тековни се во надлежност на Јавното обвинителство и тимот евентуално може да придонесе со дополнителни информации и пристап до бази на податоци кои што би ги збогатиле доказите против некакви корупциски активности. На крај, одговорност е повторно кај нашите институции. Рано е и не треба да се креираат превисоки очекувања од овој тим. Што се однесува до црната листа, видовме дека нема голем ефект. Имаме и сега личности кои се на неа, меѓутоа некакви последици по нив нема. Треба многу повеќе од тоа отколку ставање на црна листа, ако сакаме нешто да се промени, заклучува Трошановски, велејќи дека наметнување на санкции и замрзнување на имот на такви лица треба да биде поактивно и поупотребувано и да ги обесхрабри оние луѓе кои што се огрешиле.

Основачот и претседателка на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска за „Локално“ вели дека очигледен некаков напор се направило за да се справува со корупцијата во однос на двете влади тогаш и денес, меѓутоа и таа се сложува дека тоа не е доволно.

-Споредбата со претходната власт е неупатна заради тоа што во тоа време немаше ниту еден предмет, а во ова има време има некакви предмети, меѓутоа незавршени и се уште не може да се зборува за вистински ефект од борбата против корупцијата, посочува Николовска.

За Антикорупциската комисија има пофални зборови.

-ДКСК е нова институција со оглед дека постоеше нов начин на избор и нова надлежност. По она што јас сум видела, активни се работат, произведуваат резултати, транспаретни се и ги кажуваат резултатите, но повторно доаѓаме тоа што не е доволно заради што немаме повратно дејство од тоа што го пријавила и немаме резултат од евентуалните постапки во обвинителство, да не зборувам за суд, потенцира Николовска.

Соговорничката ја коментираше и најавата за доаѓањето на американскиот тим за санкции и истрага на корупција. Таа порачува дека има нови лица од земјава кои ќе се најдат на американската црна листа.

-Сигурно дека ќе има нови имиња на црната листа на САД со луѓе од Македонија. Од друга страна, информациите с емногу оскудни. Вчера имавме дека дојдени се на барање на државата и тоа може да се толкува на два начини – неможност да се справат со корупцијата или помош во справување со корупцијата. Повеќе сакам да размислувам дека ова е помош и дека со заеднички сили ќе се успее барем да се детектираат коруптивните лица и ја вршат таа корупција, туку во исто време да се детектираат многу повеќе состојбите и за нивно разрешување да се најде начин, а не тоа да оди преку коруптивни зделки, децидна е Николовска.

Н.П.

извор: Локално.мк

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
(ФОТО) Катастрофално повлекување на Преспанското Езеро

За 560 сантиметри висински е намалено Преспанското Езеро за две години, а водата драстично се повлекува и од брегот, тоа се мери во километри. Засега никој нема точен одговор која е причината за значителното повлекување на второто најголемо природно езеро во Македонија. Екологисите и жителите на околните населени места во... Прочитај повеќе...

Николовски: Стапката на невработеност е намалена на 14,3 отсто и продолжува да паѓа

„Во моментов имаме најниска стапка на невработеност во историјата на Македонија – 14,3 проценти. Таа стапка продолжува да паѓа и покрај кризата која го зафати целиот свет“ изјави заменик-министерот за финансии, Филип Николовски во „Детектор“ на Сител ТВ. Тој додаде дека спроед проекциите на сите меѓународни и домашни организации кои... Прочитај повеќе...

Николовски: Буџетот за 2023 е одговор на кризата, имаме над 225 милиони евра само за антикризни мерки

„Буџетот за 2023 година е најголем, но е и одговор на кризата. Во Буџетот за 2023 година има обезбедено 225 милиони евра само за антикризни мерки. Дополнително има 120 милиони евра повеќе за пензионерите, 800 милиони евра за капитални инвестиции, кои ќе дадат поттик за економијата и домашните компании“ рече... Прочитај повеќе...

Гореше стан во Скопје, за среќа нема повредени

На 28.01.2023 во 11.30 часот во Полициска станица Кисела Вода, Д.З.(51) од Скопје пријавил дека на 27.01.2023, во временскиот период од 21.30 часот до 22.00 часот, во неговиот стан на подрачјето на Кисела Вода настанал пожар во кој бил опожарен ентериерот и дел од една просторија во станот. Пожарот е... Прочитај повеќе...

Во центарот на Скопје нападнат чуварот на библиотеката

На 28.01.2023 во 20.00 часот во Полициска станица Центар, Ч.Д.(60) од Скопје пријави дека околу 19.00 часот во просторија од библиотека на подрачјето на Центар, додека бил на своето работно место како чувар во библиотеката, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Прочитај повеќе...

Николовски: Буџетот за 2023 е одговор на кризата, имаме над 225 милиони евра само за антикризни мерки

„Буџетот за 2023 година е најголем, но е и одговор на кризата. Во Буџетот за 2023 година има обезбедено 225 милиони евра само за антикризни мерки. Дополнително има 120 милиони евра повеќе за пензионерите, 800 милиони евра за капитални инвестиции, кои ќе дадат поттик за економијата и домашните компании“ рече... Прочитај повеќе...

Николовски: Стапката на невработеност е намалена на 14,3 отсто и продолжува да паѓа

„Во моментов имаме најниска стапка на невработеност во историјата на Македонија – 14,3 проценти. Таа стапка продолжува да паѓа и покрај кризата која го зафати целиот свет“ изјави заменик-министерот за финансии, Филип Николовски во „Детектор“ на Сител ТВ. Тој додаде дека спроед проекциите на сите меѓународни и домашни организации кои... Прочитај повеќе...

Ограбена позната обложувалница во Скопје

На 28.01.2023 во 09.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 09.20 часот во обложувалница на подрачјето на Аеродром, едно лице со закана од вработената одземало пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Прочитај повеќе...

Девојка искасана од куче скитник

На 28.01.2023 во Полициско одделение Петровец, И.Ј.(33) од с.Марино, скопско, пријавила дека во скопската населба Илинден била касната од куче скитник. Прочитај повеќе...

Десетина физички пресметки низ Македонија – Полицијата со полни раце работа вчера и денес

На 28.01.2023 во 02.15 часот во Полициска станица Аеродром е пријавено дека на подрачјето на Аеродром е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.М.(39) од Скопје и О.Д.(22) од Р.Турција. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 28.01.2023 во 22.20 часот во Полициска... Прочитај повеќе...

Произведени 17.187 MWh електрична енергија, домаќинствата и дополнителните снабдувања се целосно задоволени со електрична енергија од капацитетите на ЕСМ

АД ЕСМ на 25.01.2023 година произведе 17.187 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти. Во Термоелектраните произведени се 11.478 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени […] The post Произведени 17.187 MWh електрична енергија, домаќинствата и дополнителните снабдувања се целосно задоволени со електрична енергија од капацитетите на ЕСМ appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Следува исплата на пензиите: Ова се датумите кога ќе легнат парите на пензионерските сметки

На денешната седница, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензиите за месец јануари 2023 година. Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.01.2023 година, […] The post Следува исплата на пензиите: Ова се датумите кога ќе легнат парите на пензионерските сметки appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Големо поскапување на горивата – Ова се новите цени

Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Со тоа ова се новите цени кои ќе важат од ноќеска: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Големо поскапување на горивата – Ова се новите цени appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Паѓаат цените на пелетите, но никој веќе не ги купува – сите се префрлија на инвертери

Пелетите не се атрактивни за македонските граѓани откако нивната цена за вреќа од 15 килограми стигна и до речиси шестотини денари. Високите цени минатата година ги натераа граѓаните да се снаоѓаат како знаат и умеат, па така најголем дел од нив се префрлиле на користење на инвертер клими и дрвја. Според моменталните цени тие се […] The post Паѓаат цените на пелетите, но никој веќе не ги купува – сите се префрлија на инвертери appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика денеска се очекува да ја определи новата цена на бензинот и дизелот во Македонија. Моментално на светските берзи има покачување на суровата нафта, па така барел од типот бренд сега изнесува 84 долари. Во моментов ова се цените на горивата: Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,00 (денари/литар); Моторен […] The post Нова цена на горивата во Македонија appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy