Борбата со корупцијата ползи, ќе прочекориме ли со американска помош?

Како најголемо општествено зло, корупцијата ја поткопува демократијата и човековите права продирајќи во сите сфери особено онаму каде што ќе најде поволно тло, односно ќе наиде на личности со изразено чувство за личен интерес, со желба за моќ и влијание без интегритет и етичност.

Северна Македонија, по неколку години пад, дури минатата година забележа напредок од 24 места на листата за перцепција за корупцијата, но сепак според експертите на земјата ѝ претстои уште многу работа.

Во извештајот на Транспаренси интернешенл земјава, напредна до 87 место со 39 индексни поени на последната и се наведува дека се преземени чекори за гонење на високо ниво за корупција.

-Земјата презеде чекори за кривично гонење на високи функционери за корупција и зајакнување на независните надзорни институции. Владата, исто така, усвои агенда и акционен план против корупцијата – развиен во консултација со граѓанското општество – кој вклучуваше експлицитни мерки за борба против организираниот криминал, реформи во изборите и правосудниот систем, како и справување со непотизмот, кронизмот и влијанието во практиките за вработување на јавни места, се наведува во извештајот којшто го објави Транспаренси интернешнл.

Корупцијата не е ништо ново

Јавноста знае дека корупцијата не е нова категорија, но граѓаните за начините на нелегални набавки, тендери, провизии, работни места за првпатјавно слушнаа во 2015 откако тогашниот опозициски лидер, а подоцна премиер од редовите на СДСМ, Зоран Заев објави голем број на т.н бомби со најразлична содржина.

Граѓаните тогаш на пример слушаа како биле договарани разговори тогашниот директор на УБК  Сашо Мијалков, за да почне да преговара за набавка на опрема за прислушување од Израел, побарал провизија од половина милион евра и инсистирал парите да ги добие пред да продолжи со преговорите.

Покрај разговорите,тогаш имаше и СМС пораки,а во една од пораките Израелецот информира дека бил пуштен првиот дел од провизијата од 540.000 евра, додека втората порака потврдува дека биле пуштени уште 840.000 евра.

Лидерот на СДСМ тогаш оцени дека македонските граѓани „платиле 14 милиони евра за опрема која е злоупотребена од страна на Мијалков и Груевски за да ги конотролираат нашите животи“.

Според друга бомба пак Груевски договарал проценти и провизии во милиони евра, правел незаконски упади во тендерски постапки, фаворизирал и местел фирми да добијат тендери, бесчуствително местел и луѓе да кршат закони за негови цели и интереси, како украл милиони евра народни пари преку тендерите за железницата и автопатите.

Според овие разговори се слуша на пример како министерот за транспорт и врски трпи притисоци од премиерот Никола Груевски да врши незаконски работи за промена на фасадите на Сити галери и ЕВН. Од СДСМ велат дека премиерот бара министерот да го прекрши законот, притоа велејќи дека нема тој да биде тој што ќе биде вовлечен во криминал, туку некоја вработена во Град Скојпе, но од неа да сокријат дека тоа што го прави не е законски.

На што гласот за кој се тврди дека е на Јанакиески, на почеток се противи и се обидува да докаже дека тоа не е законски, а потоа се согласува да молчи и да се обиде да ја протурка работата.

Според изјавите на Заев тие се доказ за штетниот договор со кинеска компанија за изградба на два автопат кој е потпишан без тендер, туку одлуката е донесена со закон во Собрание во 2013 година. Откако се договориле на нечесен и криминален начин, договарајќи и проценти за провизија, работата ја префрлиле во Собрание, нагласи лидерот на опзицијата.

Бомбите ги потврдија сомнежите за корупција

Напоменувајќи дека се работи за најголемата политичка криза до сега во Македонија, тогашниот еврокомесар за проширување вели со прислушуваните разговори потврдени се сомнежите за политичко вмешување и корупција на високо ниво.

– Македонија се соочува со најтешката политичка криза изминативе години. Кризата дополнително се продлабочи со објавувањето на прислушуваните разговори. Овие откритија ги потврдија сериозните сомнежи за политичко вмешување и корупција на високо ниво на кои Комисијата укажа и во претходните извештаи, вели еврокомесарот Јоханес Хан во неговото обраќање кон македонската јавност,вели Јоханес Хан.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ притискаа да се забранат “бомбите“

Тогашната владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во декември 2016 година до Собранието доставија предлог-закон со кој би се забранило понатамошно објавување на прислушуваните разговори како и повторно објавување на веќе објавените „бомби.

Според тогашните информации од медиумите, меѓу партиите имало консензус за овој предлог-закон и дека истиот бил дел од договорот во Пржино. Текстот на законот предвидува кривична одговорност за оние кои нема да го почитуваат, а медиумите ќе мора да ги симнат од своите веб сајтови веќе објавените материјали.

Иако со амбиција да стане редовно обвинителство, институцијата имаше „ограничен рок на употреба“. Точно пет години и девет месеци.да се инкорпорира во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција како посебно одделение, сепак тоа згасна, а дел од случаите застареа, останатите пак ги презе обвинителството за организиран криминал.

„Бомбите“ пак кои не се предадени во надлежниот суд како доказ се уништени , а за тоа да се изготвени записници како дел од амандманот 51, од вкупно 65 кои ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе до Министерството за правда за законот за јавно обвинителство, со кој се регулира и статусот на СЈО.

Експертите тогаш предупредуваа дека ако се уништат „бомбите” кои не се предадени во суд, тоа ќе значи генерална амнестија на одредени лица и кривични дела, за кои јавноста воопшто и нема да чуе. Треба да му се остави простор на СЈО да ги преслуша сите разговори, а потоа да направи селекција дали во тие разговори постојат индиции кои укажуваат на сторено кривично дело или не, и дали се работи можеби за застарени кривични дела.

Акција 21, нова надеж за борба со корупцијата

Акцискиот план од 2021 година беше донесен со два приоритети, прочистување на правосудството и борбата против корупцијата.

Заев и Николовски тогаш истакнаа дека планот ги содржи сите забелешки, препораки и барања на невладините организации, на Граѓанската платформа за борба против корупцијата, на „Транспаренси“, на Државната комисија за спречување на корупцијата, на регулаторните тела и сите забелешки и препораки од стратешкиот партнер-САД, Извештајот на ЕК, и од сите релеватни институции кои ја следат состојбата во државата.

Премиерот тогаш порача граѓаните и медиумите гласно да зборуваат за оваа појава за да се помогне борбата со корупцијата и додаде дека со планот се опфатени дејностите на актуелната власт, но и на опозицијата, која, како што рече, „ги трошела парите на граѓаните за времето на режимското владеење“.

Некои се осудени, некои се уште се судат. Додека тие се во обвинителните клупи, ние правиме демонтажа на остатоците на режимот. Додека тие се бореа да нема правда, ние уште од првиот ден започнавме со транспарентност, а тоа е антикорупциски лек, односно воспоставен стандард од кој нема назад“, изјави Заев.

Премиерот потенцираше дека и неетичкото однесување на актуелните функционери нема да остане неказнето и апелира да се пријавува секое мито.

Рашковски и Зекири веќе се во притвор поради обвиненија за злоупотреба на службена должност за други предмети. Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

Против Рашковски е отворен судски случај познат во јавноста како „Софтвери“ во кој тој е обвинет дека со злоупотреба на службена должност набавил софтвер за МВР кој не се користи, ниту бил во план да се користи при што овозмил богатење на трето лице. Дополнително Рашковски е обвинет и за вработување на хонорарци кои не извршувале никакви задачи, а парите кои од државната сметка легнувале на нивната, му ги враќале на рака на Рашковски.

Што вели ДКСК

Извештаите на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија, евалуациите на ГРЕКО, како и извештаите на други релевантни организации алармираат на тренд на долгогодишно влошување на состојбата во оваа сфера. Таа толку е одомаќена што граѓаните ја доживуваат како начин на живот. Толку е длабоко и широко распространета во сите пори на општеството, што упатува на неопходноста од нејзино намалување, со стремеж кон нејзино искоренување, укажуваат антикорупционерите.

Јавните набавки, вработувањата во јавниот сектор, инспекцискиот надзор, издавањето на различни одобренија, решенија, лиценци и дозволи, доделување на грантови, субвенции и друга државна помош се всушност дел од областите каде се генерираат силни ризици од корупција. ДКСК до Основното јавно обвинителство минатата година доставила осум иницијативи, од кои седум за корупција и една за судир на интереси. Од нив, обвинителството постапило по три иницијативи за корупција, а додека не постапило по едната иницијатива за судир на интереси, како и по една иницијатива за корупција. Тоа е една од причините поради коишто антикорупционерите се чувствуваат осамени во битката против корупцијата.

Ковачевски и Агелер на иста линија за корупцијата

Премиерот Димитар Ковачевски од Тирана вели дека има ист став, визија и цел, како што имала и американската амбасадорка во Скопје, во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

-Јас ќе имам и дополнителни разговори наредната недела, бидејќи тогаш очекувам посета и од нивни официјални лица, на која ќе разговараме и за дополнителна помош, експертска во делот на борбата против корупцијата, меѓутоа и експертска помош за властите во државата. Јас сум дел од извршната власт, но имаме и судска власт и обвинителска власт, законодавна власт, така да сите треба да бидат поддржани да можат да го унапредат своето работење“ – вели Ковачевски.

Македонскиот премиер најави и дека коалиционите партнери во владата веќе разговарале и за донесување, за прв пат, на закон за ветинг во државата.

„Јас за тоа разговарав и тука, со највисоките претставници на Европската Унија и многу скоро ќе се најде законското решение пред пратениците во Собранието, за спроведување на постапка, за оценување на постојните и на идните носители на функции во однос на нивниот интегритет, во насока да се намали можноста за било каква нефункционалност на оние што ќе бидат поставени на позиции а тука пред се мислам на намалување на корупцијата, намалување на криминалот и подобрување на управувањето со институциите “ – додава Ковачевски.

САД е стратешки партнер во борба против корупцијата

Изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер дека на правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и обвиненија за да се покаже дека никој не е над законот, всушност не е новост туку очекувана реакција откако Северна Македонија уште во јуни го започна процесот за Стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави.

Покрај темите од билатералните односи за соработка во економијата, трговијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, САД уште тогаш најавија дека ќе учествува во борбата против корупција, владеењето на правото.

Државниот секретар на САД да може да им нуди техничка помош на државите од Западен Балкан кои сакаат да развијат национални стратегии за борба против корупцијата, најави сенаторката Џин Шахин, претседателка на Поткомитетот за Европа и регионална безбедносна соработка, објаснувајќи што предвидува предлог- легислативата за регионот, што во август таа ја претстави заедно со двопартиска група сенатори.

-Справувањето со корупцијата е многу важен дел. А она што го прави легислативата е да го овласти државниот секретар да обезбеди техничка помош на земјите кои бараат помош при адресирање на нивните предизвици со корупција“, рече Шахин.

Покрај искоренување на корупцијата, во предлог-легислативата стои и дека САД ги признаваат јазиците на Западен Балкан и оти ќе продолжат да го поддржуваат културното наследство во регионот.
Според неа, лидерите на Балканот треба да се фокусираат на интеграцијата во Европската Унија, а не на промовирање конфликт.

Таа нагласува дека обновување на фокусот кон демократски напредок е особено важно во време на етнички тензии и напори од страна на Русија да поттикне конфликт во регионот.

Шахин вели дека предлог-легислативата има цел да обезбеди економски напредок и да ја охрабри трговијата на Западен Балкан, не само со САД, туку и со Европа и со соседните земји, како и да создаде средина со можности за вработување на младите.

С.Танеска

извор: Civilmedia.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Северна Македонија сепак не е сама, 100-те милиони евра од ЕУ ќе ја помогнат економијата во следните две години

Откако само пред само неколку дена Европската комисија одобри на 50.000 евра за проекти во Северна Македонија, Европската комисија вчера предложи да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија. Со овој предлог, како што истакна претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и еврокомесарот за проширување... Прочитај повеќе...

Зошто Ада првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција се вика Ада?

АДА е првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавниот сектор во регионот ќе биде промовирана во текот на следниот месец и ќе ги нуди сите информации за финансиска поддршка по Планот за економски раст, а секако понатаму овој асистент ќе биде надограден и на други услуги кои се... Прочитај повеќе...

Не се приватниците, скопјани се колатерална штета од хаосот во превозот

Иако првиот чекор во решавање на проблемот со приватните превозници е направен по вчерашната нивна средба со градоначалничката Данела Арсовска, скопјани и понатаму се жалат на малиот број на автобуси, пишува 24инфо.мк. Во зависност од дестинацијата и делот од градот чекањето може да трае од 20-ина минути па до еден... Прочитај повеќе...

Зошто земјотресот во Турција беше толку разорен: Научниците стравуваат од едно сценарио

Повеќе од 5.000 луѓе загинаа, а илјадници се повредени во силниот земјотрес што во понеделникот рано наутро го погоди Газиантеп, град во југоисточна Турција во близина на границата со Сирија. Дополнителни последователни потреси, вклучително и еден речиси исто толку силен како првичниот, го направија особено катастрофален настан. Регистрирајќи се како... Прочитај повеќе...

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 38 основни и 9 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по... Прочитај повеќе...

Казината и игрите на среќи ќе бидат забранети во близина на училиштата, предлага Владата – Сите одлуки од денешната седница

Од 127-ма владина седница: се динамизира соработката со САД во рамки на Стратешкиот дијалог со САД; за прв пат досега, жените земјоделки добиваат платено отсуство за мајчинство; во поддршката за микро земјоделски производители се додаваат и малите дестилерии; предлог измени со коишто уплатно-исплатните места за игрите на среќа се предвидуваат... Прочитај повеќе...

Со Планот за активности за Стратешкиот дијалог ја зацврстуваме соработката меѓу Северна Македонија и САД, ги промовираме нашите стратешки интереси и на глобален план

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, одржаа прес-конференција, на која информираа за активностите во врска со Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и САД. Премиерот Ковачевски информираше дека Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница го прифати текстот на Планот за активности во рамките... Прочитај повеќе...

Дојави за поставени бомби во 33 училишта во Скопје

Денеска (07.02.2023) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се... Прочитај повеќе...

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија

На 06.02.2023 во 11.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода З.А.(28) и С.М.(26), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека на 11.01.2023 одзеле повеќе предмети од приватен имот на улицата „Благоја Думановски“. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив... Прочитај повеќе...

Уште двајца искасани од кучиња скитници

На 06.02.2023 во 15.30 часот во Полициската станица Карпош, М.Т.(30) од Скопје пријавила дека на ул.„Лондонска“ била касната од куче скитник. На 06.02.2023 во 12.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.С.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ бил каснат од куче скитник. Прочитај повеќе...

Повторно големо поевтинување на горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67% во однос на одлуката од 3.2.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за […] The post Повторно големо поевтинување на горивата – ова се новите цени appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија

Во поглед на сивата економија имаме предизвици, што значи дека ќе имаме и нови проекти во оваа насока, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска за време на годишната конференција „Година на нови можности“. -Еден од најголемите проект е „е-фактура“, што е ризик фактор кај најголемите даночни обврзинии. Тоа ќе значи намалување на фиктивните фактури и […] The post Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Бежовска: Инфлацијата почна да се намалува, очекувам да биде едноцифрена

Инфлацијата не доведе до класичен ценовен шок, но таа резултираше со покачување на каматните стапки, рече гувернерката на Народната банка, Анита Бежовска. Таа посочи дека минатиов период на светско ниво се случил најсинхронизиран циклус на затегнување на монетарните политики. -Ние одговоривме преку стабилен девизен курс на домашната валута, рече Бежовска. Таа додаде дека клучни аспекти […] The post Бежовска: Инфлацијата почна да се намалува, очекувам да биде едноцифрена appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Бишев: Буџетот е стабилен, капиталната сила ги апсорбираше ризиците

Бакарството е циклична индустрија, вели владиниот советник Глигор Бишев за време на годишната конференција „Година на нови можности“. Тј кажа дека во добри периоди на економијата има и добри профити кај банките и тоа ја јакне капиталната сила, додека пак во лоши времиња се апсорбираат ризиците токму преку капиталната сила. -Од тој аспект македонската банкарска […] The post Бишев: Буџетот е стабилен, капиталната сила ги апсорбираше ризиците appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на 30.1.2023 година (понеделник) почнува етапната исплата на пензиите за јануари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички ќе се реализира во четири групи, и тоа според висината на пензијата: – за пензии […] The post МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy