Чадиковски, Кока или Николовски – кој ќе помогне во професионализрање на новинарството?

Во пресрет на изборното Собрание на Здружението на новинари на Северна Македонија, што ќе се одржи утре, 3 декември, во хотел Александар Палас во Скопје, ЦИВИЛ Медиа разговараше со кандидатите за претседател на здружението.

Младен Чадиковски, Филјана Кока и Марјан Николовски, во изборната трка излегоа со свои програми за подобрување на новинарството, медиумскиот простор, но и на законските регулативи што во принцип треба да придонесат кон враќање на професионализмот во професијата.

Во интервјуата за ЦИВИЛ Медиа тројцата кандидати одговараа на прашањата каква е состојбата во македонските медиуми и што во своите програми ќе понудат како иновација и новитет со што ќе го привлечат вниманието на медиумските работници да им ја изразат довербата-иден претседател на ЗНМ.

Состојбата во македонските медиуми
Според Чадиковски состојбите во новинарството во земјава се комплексни од повеќе аспекти.

„Состојбата во Скопје и во локалните и регионалните медиуми не е иста. Во следниот период треба да се обрне внимание како го негуваме професионалното новинарство во дописништвата, бидејќи темите од локално и регионално ниво не секој ги работи, особено не новинарите од Скопје, а се од големо значење на луѓето што живеат таму“, вели Чадиковски.

Кока ги адресира актуелните проблеми со кои се соочува медиумската фела, со посочување на Извештајот на европската Комисија за напредокот на земјава, во кој се наведува дека во медиумската сфера се забележува ограничен напредок.

„Не треба многу да се анализира, доволно е само да се погледне Извештајот за напредокот на земјава, од европската Комисија, каде што е нотирано дека во земјата во состојбите во медиумската сфера се забележува ограничен напредок, и тоа не е бадијала. Затоа што во повеќе сегменти немаме напредок, имаме стагнација, па дури и назадување на некои сегменти од таа сфера. За жал, медиумите се сѐ уште поделени по идеолошка, етничка и политичка основа, што е недозволиво за едно здраво демократско општество“, вели Кока.

За Николовски пак состојбата во медиумите е лоша и оди на полошо, што може да доведе до изумирање на новинарството на подолг рок.

„Печатените медиуми речиси исчезнаа има уште неколку кои жилаво се борат за медиумскиот простор. Интернет просторот си ја презема својата улога на доминантен веќе медиумски сервис за граѓаните и на начинот на којшто функционира создава прилично нелојална конкуренција. Медиумите имаат сериозни проблеми, особено проблематичен е начинот на финансирањето, па до социо-економскиот статус на новинарите, снимателите, фоторепортерите, сите медиумски работници“, вели Николовски.

Програмски решенија за подобрување на македонскиот медиумски простор

Формирање на Фонд за медиумски продукти е законско решение на кој ќе работи Здружението на новинари во првите шест месеци од новиот мандат, вели Чадиковски, со цел да се подигне и квалитетот на сите медиуми.

„За овој Фонд парите би се обезбедиле од Буџетот на Северна Македонија, иако во принцип не сакаме државни финансии да се мешаат во новинарството, но сепак ова се пари на граѓаните и ќе се користат за интерес на граѓаните каква што е оваа наша идеја, особено што ќе биде едно независно тело составено од професионалци би биле евалуатори на она што ќе доаѓа како квалитет за да овие проекти и овие пари дојдат на вистинските места, бидејќи поентата не е да се богатат сопствениците на медиумите, туку да дојдат до оние кои ја креираат содржината“, додаде тој.

Чадиковски додаде дека е потребна и промена на Правилникот на АВМУ, каде што сите медиуми што оперираат на национално ниво ќе имаат услов, за да добијат концесија, да вработуваат минимум 16 луѓе од внатрешноста на земјата, односно 8 плански региони низ земјата да имаат свои записништва.

„Во однос на последните превирања и заложби на одредени медиуми да се врати и Владата којашто неодамна го стави на собраниска седница, членот 102, или законот, за да се вратат владините кампањи. Според мене, државата не смее да биде главен финансиер во медиумите, затоа што на тој начин директно ќе ја диктира уредувачката политика. Има основани сомневања, и докажани претходни ситуации дека ќе се случи партизација на медиумите. Таков вид ињектирање финасиски средства може да има во партиски гласила, не во професионални медиуми“, вели Кока.

Кока додаде дека најбитно во заложбите е да се водиме од саморегулацијата, таа да опстои, да ја ставиме на највисоката точка на агендата новинарската солидарност, да се ангажираме на професионални стандарди и етички норми во нашето работење.

Програмата на Николовски е поделена на три аспекти, структуралноста во функционирањето на ЗНМ, активност и иницијативност – вклученост во процесите.

„Сметам и дека треба да се донесе Закон за МИА за да стане вистинска државна агенција за граѓаните и државата, но не и да биде зависна од Владата. Таа е формирана, се бира, директор, управен, надзорен одбор итн. со одлука на Владата и тоа не е добро за демократијата и за независноста и професионалноста на самата агенција. Мојот став е дека тие треба да се бираат во Собрание, со што поширок легитимитет, па дури и со двотретинско мнозинство“, вели Николовски.

„Мора да се работи на социо-економскиот статут на вработените, и да се регулираат три клучни работи: Не-за плата во новинарството под просечната, Да-за бенефициран стаж, Да-за потпишување на колективни договори“ се накратко програмските цели на Николовски како кандидат за претседател на ЗНМ.

ЗНМ избори

Регистрацијата на учесниците на изборното Собрание ќе трае од 10 часот до 11 часот, а гласањето започнува во 13:35 часот.

Во ЗНМ пристигнаа севкупно (47) кандидатури, од кои (3) за Претседател на Здружението, (24) за членови во Управниот одбор, (9) за членови на Надзорниот одбор и (11) за членови во Советот на честа

Биљана Јордановска / извор Civilmedia.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Османи: Да подвлечеме црта и да се вратиме на позитивниот дијалог

„Време е да ставиме црта на пинг-понг дискусијата со Бугарија“, одговори денеска Бујар Османи на новинарско прашање дали македонското МНР ќе испрати протесна нота по демолирањето на новоотворениот Македонски клуб во Благоевград „Никола Вапцаров“. Османи појасни дека Р. Северна Македонија ги кажала сите ставови во однос на случувањата во двете... Прочитај повеќе...

Турски новинар за време на директен пренос сними нов земјотрес

Катастрофален земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја опустоши јужна Турција и соседните Либан и Сирија. Земјотресот беше почувствуван во многу градови на југот на Турција, особено во провинциите Кахраманмарас, Хатај, Османије, Адијаман, Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Малатија и Адана. Телевизиската екипа Ахабер известувала од градот Малатија во... Прочитај повеќе...

Земјотрес во Турција: Ангажирани повеќе од 300 руски војници

Сириското Министерство за одбрана денеска соопшти дека повеќе од 300 руски војници помагаат за отстранување на последиците од земјотресот во таа земја. Според Си-Ен-Ен, десет единици на руската армија со вкупно повеќе од 300 војници се вклучени во расчистување на урнатините и помагање во операциите за пребарување и спасување во... Прочитај повеќе...

Рестрикциите за струја останаа неостварена желба на опозицијата, домашните капацитети ги задоволија потребите на граѓаните

Зимскиот период, односно грејната сезона во земјава изминува без рестрикции за електрична енергија. Најавите за можен недостаток на струја започнаа уште летото, откако беа воведени санкции за енергенси поради руската агресија во Украина. Сепак, ситуацијата сега резултира со зголемено домашно производство на електрична енергија и нема зголемување на цената на... Прочитај повеќе...

Аанлиза: Од „љубовта“ на Москва и кон Делчев и санстефанска Бугарија настрадаа македонско-бугарските односи

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Северна Македонија ѝ ги расипа плановите на Москва и не дозволи растечките тензии меѓу Скопје и Софија да се претворат во отворен конфликт, иако беа доведени многу блиску до таа граница, откако чествувањето на годишнината од раѓањето на идеологот и организаторот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев беше... Прочитај повеќе...

Европската комисија ќе одвои 100 милиони евра за Македонија

Европската комисија денеска предложи да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Македонија. Оттаму велат дека со овој предлог, се покажува дека Комисијата стои до Северна Македонија во тешки времиња, потенцирајќи ја енергетската криза. Според Комисијата, предложената помош ќе придонесе за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија... Прочитај повеќе...

Аанлиза: Од „љубовта“ на Москва и кон Делчев и санстефанска Бугарија настрадаа македонско-бугарските односи

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Северна Македонија ѝ ги расипа плановите на Москва и не дозволи растечките тензии меѓу Скопје и Софија да се претворат во отворен конфликт, иако беа доведени многу блиску до таа граница, откако чествувањето на годишнината од раѓањето на идеологот и организаторот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев беше... Прочитај повеќе...

Рестрикциите за струја останаа неостварена желба на опозицијата, домашните капацитети ги задоволија потребите на граѓаните

Зимскиот период, односно грејната сезона во земјава изминува без рестрикции за електрична енергија. Најавите за можен недостаток на струја започнаа уште летото, откако беа воведени санкции за енергенси поради руската агресија во Украина. Сепак, ситуацијата сега резултира со зголемено домашно производство на електрична енергија и нема зголемување на цената на... Прочитај повеќе...

МКЦ може да биде самоодржлив само ако стане јавна куќа или обложувалница

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА Ана Василевска Имено, во Амстердам дошла десница на власт и градоначалникот донел одлука театрите да работат пазарно. Директорот на еден од покултните театри во градот, рекол ок, ќе работиме пазарно. Поставил претстава во која има секс на две проститутки и едно магаре. Притисокот од јавноста и пораката... Прочитај повеќе...

Како ќе се одвиваат односите меѓу Скопје и Софија после турбулентниот викенд: Првиот тест ќе биде на 16 февруари

Не стивнуваат реакциите после чествувањето на годишнината од роденденот на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев. Министерството за надворешни работи на Бугарија го оцени како понижувачки и неприфатлив односот на македонските власти кон бугарските граѓани кои дојдоа на границата со цел да оддадат почит на гробот на Гоце Делчев, иако со... Прочитај повеќе...

Повторно големо поевтинување на горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67% во однос на одлуката од 3.2.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за […] The post Повторно големо поевтинување на горивата – ова се новите цени appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија

Во поглед на сивата економија имаме предизвици, што значи дека ќе имаме и нови проекти во оваа насока, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска за време на годишната конференција „Година на нови можности“. -Еден од најголемите проект е „е-фактура“, што е ризик фактор кај најголемите даночни обврзинии. Тоа ќе значи намалување на фиктивните фактури и […] The post Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Бежовска: Инфлацијата почна да се намалува, очекувам да биде едноцифрена

Инфлацијата не доведе до класичен ценовен шок, но таа резултираше со покачување на каматните стапки, рече гувернерката на Народната банка, Анита Бежовска. Таа посочи дека минатиов период на светско ниво се случил најсинхронизиран циклус на затегнување на монетарните политики. -Ние одговоривме преку стабилен девизен курс на домашната валута, рече Бежовска. Таа додаде дека клучни аспекти […] The post Бежовска: Инфлацијата почна да се намалува, очекувам да биде едноцифрена appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Бишев: Буџетот е стабилен, капиталната сила ги апсорбираше ризиците

Бакарството е циклична индустрија, вели владиниот советник Глигор Бишев за време на годишната конференција „Година на нови можности“. Тј кажа дека во добри периоди на економијата има и добри профити кај банките и тоа ја јакне капиталната сила, додека пак во лоши времиња се апсорбираат ризиците токму преку капиталната сила. -Од тој аспект македонската банкарска […] The post Бишев: Буџетот е стабилен, капиталната сила ги апсорбираше ризиците appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на 30.1.2023 година (понеделник) почнува етапната исплата на пензиите за јануари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички ќе се реализира во четири групи, и тоа според висината на пензијата: – за пензии […] The post МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy