Чистачка на зграда им одржала лекција на станарите (Фото)

Жена која го одржува лифтот и скалилата, лута на сите мајки што не внимаваат на децата кои секојдневно го валкаат лифтот, им одржала лекција, а сè напишала на парче хартија.

Пораката осамнала во лифт во една зграда во Бања Лука.

На невнимателните деца понекогаш им се случуваат незгоди, па ќе ги извалкаат лифтот и скалите со сок, чоколадо или сладолед, но никој не размислува за тоа колку е платен тој што треба да чисти.

Затоа, жената задолжена за одржување на зградата го привлекла вниманието на родителите, не обвинувајќи ги децата, туку оние кои ги воспитуваат.

– Драги мајки, не ви се децата хиперактивни, туку невоспитани. Сладолед во лифт може да им испадне еднаш, а не секој ден. Кога така ги браните, тогаш исчистете зад нив.

Јас сум платена да чистам два пати месечно, а не дневно. Фала! – напишала таа во пораката.