Чувате ли стари VHS касети? Денес може да ви донесат цело богатство

Ако случајно сте ги зачувале старите видео касети, во иднина би можеле да ви донесат многу пари.

Експертите веруваат дека VHS касетите се враќаат во мода, баш како и плочите. Бидејќи со време воглавно исчезнаа од повеќето домаќинства, а голем број видеотеки се затворени, кај многу луѓе веќе се јавува носталгија.

Давид Џинкс од меѓународната курирска компанија ParcelHero вели дека касетите наскоро би можеле да вредат многу пари.

„Повеќето луѓе кои купиле оригинален „The White Album“ од Битлси немаа појма дека во иднина би можел да биде многу вреден. Сега оригиналната верзија вреди и до 7 илјади фунти“, вели Џинкс.

Тој објаснува дека слично нешто може да се случи и со видео касетите.