Денес во Ресен нема новозаразени, но има 4 оздравени лица

Денеска во Ресен не е регистриран ниту еден нов случај на коронавирус, додека се регистрирани 4 нови оздравени лица кои поминале со 2 негативни теста.

Во моментов во Ресен има 85 активни случаи.

Од почетокот на пандемијата во Ресен беа регистрирани 122 случаи на коронавирус, од кои 3 лица починаа, а 34 лица оздравеа.