Деновиве невреме, а од четврток сонце
Денес ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни, (на места над 25 л/м2). Во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер (над 70 км/час).
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено претпладне.
Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.